1. Наслов на наставниот предмет |
Операциони истражувања | |||||||
2. Код |
3ФЕИТ01Л012 | |||||||
3. Студиска програма |
КСИАР, КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен |
Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година/семестар |
IV/8 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 | |||||
8. Наставник |
Д-р Душко Ставров | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање на студентите со целите и методите на операциони истражувања и подрачјата на нивната примена. Решавање проблеми поврзани со масовно опслужување, оптимизирање на зададени функции на цел (линеарна, квадратна ковексна и нелинеарна), вршење анализа на проект; менаџмент на економски, финансиски, индустриски и други слични организации, управување и менаџмент во војска и влада. Запознавање со концептите на математичко програмирање. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Oперационите истражувања; класификација, составување и решавање на математичките модели; симулација и валидирање на моделот. Мрежно планирање и управување со процеси. Примена и анализа на структурата и времето по методата на критичен пат; анализа според PERT (Project Evaluation and Review Technique). Методи на линеарно програмирање и статичка оптимизација, симплекс метода, дуална задача на линеарното програмирање, транспортни проблеми, целобројно програмирање, геометриска и матрична интерпретација на моделите. Теорија на игри, минимакс критериум и седлеста точка. Динамичко програмирање, модели на оптимизација на залихи при константна и случајна побарувачка; Монте Карло метода за симулација на стохастички процеси; основи на нелинеарната оптимизација. и нелинеарно програмирање. |
||||||||
12. Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 | |||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
30 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
45 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
45 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
30 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
40 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
0 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
60 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Уредно изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути) и задолжителен проект, кој студентите треба да го реализираат и презентираат во текот на семестарот. 1. За студентите кои ги положиле парцијалните испити, и успешно го имаат реализирано и презентирано проектот, се смета дека го положиле предметот. Презентација на проектот се одвива во времетраење не подолго од 60 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити и поените добиени од проектот. 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит, и кои претходно, за време на семестарот го реализирале и презентирале проектот, се смета дека го положиле предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од завршниот писмен испит и поените добиени од проектот |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература |
||||||||
23.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Taha Xamdy A. | Operations research: An introduction | Prentice Hall | 2007 | ||||
2 |
Stephen Boyd, Lieven Vandenberghe | Convex Optimization | Cambridge Univ Press | 2004 |