1. Наслов на наставниот предмет | Оптимални управувачи и опсервери | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ01Л012 | |||||||
3. Студиска програма | КСИАР | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Весна Ојлеска Латкоска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Теорија на системи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Една од главните цели е студентите да се запознаат со дизајнирачките методи користејќи ги модерните техники на управување. Целта на овој предмет, исто така, е основните резултати од теоријата на оптимално управување и оптимална естимација да ги направи достапни на широк сегмент од технолошкото и научното општество. Со тоа студентот станува компетентен за решавање проблеми поврзани со управување на процеси и системи од секаков вид, бидејќи естимацијата е обично прв чекор во имплементирање на управувачки влез, т.е., неопходно е да се изведе процесното поведение пред да може да се примени ефективното управување. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во анализа на линеарни системи на управување: формулирање на управувачки проблеми; Модерната наспроти класичната теорија на управување; Линеарни управувачки системи со повратна врска по состојби; Дизајн на управувачки закон при повратна врска по комплетен состојбен вектор; Услови за селекција на полови локации за добар дизајн; Oсновни проблеми на оптималното управување; Математички основи за решавање на проблемите на оптимално управување; Проблем на детерминистички линеарен оптимален регулатор и негово решение; Проблем на оптимален линеарен сервомеханизам и негово решение; Регулатори и серво системи со ненулева точка на нагодување и константни пречки; Оптимална линеарна реконструкција на состојби; Опсервери од полн ред и редуциран ред; Оптимален опсервер; Дуалност на оптимален опсервер и оптимален регулатор; Линеарни оптимални системи на управување со повратна врска по излез; Линеарни оптимални системи на управување со повратна врска по излез, од редуциран ред. | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби, како и практични вежби во лабораторија. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 45 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 10 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 10 | |||||||
16.3. Домашно учење | 85 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 5 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 5 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби, како и успешно и навремено изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Предвидени се два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, со времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, како и домашни и проектни задачи, кои се презентираат/бранат за време на семестарот. 1. Студентите кои ги положиле парцијалните испити, се смета дека го положиле завршниот писмен испит. Дополнително, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од парцијалните испити, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). 2. Во предвидените испитни сесии се полага завршен писмен испит (со времетраење од 120 минути). За студентите кои го положиле завршниот писмен испит, може да се спроведе и завршен устен испит (со времетраење од максимум 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од завршниот писмен испит, тестовите, домашните и проектните задачи, како и завршниот устен испит (ако е спроведен). |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Huibert Kwakernaak, Raphael Sivan | Linear optimal control systems | Wiley Interscience | 1972 | ||||
2 | Donald E. Kirk | Optimal Control Theory: An Introduction | Dover Publications | 2004 | ||||
3 | Arthur E. Bryson | Applied Linear Optimal Control: Examples and Algorithms | Cambridge University Press | 2002 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P.N. Paraskevopoulos | Modern Control Engineering (Automation and Control Engineering) | CRC Press | 2001 | ||||
2 | Robert F. Stengel | Optimal Control and Estimation | Dover Publications | 1994 | ||||
3 | Daniel Liberzon | Calculus of Variations and Optimal Control Theory: A Concise Introduction | Princeton University Press | 2012 |