Примена на програмски алатки во ЕЕС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Примена на програмски алатки во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09006

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Мирко Тодоровски

Цели на предметната програма (компетенции): Владеење со техниките на моделирање и симулација во ЕЕС со примена на компјутер. Оспособеност за идентификација на типовите на проблеми и селекција на современи нумерички постапки за нивно решавање. Подготвеност за пресметки и студиски анализи во областа на експлоатација на ЕЕС.

Содржина на предметната програма: Програмирање во Matlab/Simulink, GNU Octave, Scilab: Внесување и манипулации со променливи: скалари, вектори и матрици. Системи линеарни равенки во ЕЕС. Mетод на независни напони. Матрични методи за решавање куси врски во ЕЕС. Ретки матрици. Читање и запишување податоци во надворешни датотеки (txt, csv, xls). Функции, нули на функции, графици на функции. Комплексни броеви – фазори, напони, струи и моќности. Диференцијални равенки. Вклучување и исклучување на RC, RL и RLC коло. Запознавање со Simulink. Решавање на RC, RL и RLC коло во Simulink. Начини за прикажување на напоните и струите, одредување максимуми и пресметување енергија. Креирање на кориснички модели за линеарнни и нелинеарни елементи од ЕЕС. Користење на потсистеми и маски. Оптимизација со примери за линеарни и нелинеарни проблеми со ограничувања во ЕЕС. Проблеми од стационарни работни режими на ЕЕС: Пресметка на напони и распределба на моќности во ЕЕС. Систем „пошта“ за формирање на матрицата на адмитанции на системот. Формирање и решавање на систем нелинеарни равенки. Еднонасочен модел на ЕЕС. Врска помеѓу моќностите на гранките и моќностите на генераторите. Оптимална работа на ЕЕС со упростен и со комплетен модел на преносната мрежа. Работа на ЕЕС во услови на  недоволни производно-преносни капацитети на системот. Интерконекции на ЕЕС. Проценка на преносните можности на ЕЕС – TTC и NTC. Употреба и конверзија на формати за размена на податоци во UCTE. Проблеми од преодни работни режими на ЕЕС: Трифазна куса врска. Вклучување кондензаторска батерија. Пренапон при елиминирање на куса врска. Куса врска на крај од долг вод. Пуштање на долг вод во празен од. Простирање на бранови при атмосферски празнења. Примена на одводници на пренапони. Трифазни модели на водови и трансформатори. Симулација Монте Карло за моделирање случајни процеси при вклучување и исклучување на елементи на ЕЕС. Карактеристични проблеми од динамична стабилност на ЕЕС.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Z. Stojković Projektovanje pomoću računara u elektroenergetici – primena programskih alata Akademska misao, BeogradISBN 978-86-7466-360-8 2009

2

М. Тодоровски Примена на Matlab во електроенергетските системи (интерна скрипта) ФЕИТ, Скопје 2009

3

B. Hunt, R. Lipsman, J. Rosenberg, K. Coombes, J. Osborn, G. Stuck A Guide to Matlab for Beginners and Experienced Users Cambridge University PressISBN 978-0-511-07792-0 2001

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John W. Eaton, D. Bateman, S. Hauberg GNU Octave – Reference Manual, Third Edition 2011

2

M. Baudin Introduction to Scilab The Scilab Consortium – Digiteo 2010