Проектен менаџмент (ПМ)

Објавено: декември 13, 2018

Предмет: Проектен менаџмент

Код: 3ФЕИТ04016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ

Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање на целите на проектите како зафати, нивната важност, водење и реализација.  Студентот ќе може да ги определува и планира проектите според параметрите за соответен обем на работи според потребите на заинтересираните субјекти, пред сé инвеститорите, клиентите и корисниците. Со запознавање и учење на реални примери – проекти од практиката, студентот ќе биде во состојба да ја разбира, креира и унапредува својата улога во проектите, во кои ќе учествува, да го даде својот придонес за успешно и етичко случување на бизнисот.

Содржина на предметната програма: Вовед во проектен менаџмент, развој, цели и општи карактеристики. Проекти, дефиниција, нивно значење и улога во успешноста на бизнисот. Водење и менаџирање проекти во современо деловно опкружување. Стандардизација во проектен менаџмент. Project Management Body of Knоwledge-PMBOK водич во проектниот менаџмент. Категоризација на проектите. Проектни параметри и проектно планирање. Современа организација и прилагодување на проектите – Проектно портфолио. Организирање на проектни тимови. Проект менаџер. Документација во проекти (коресподенција, основна документација, тендери, понуди, договори). Обем на работите, граници на работите и менаџирање на промени. Работен план и програма. Бизнис план. Економски аспекти на проектите и менаџирање на трошоците. Анализа Трошоци-Ефекти. Готовински тек (Cash-flow). NPV, IRR и други критериуми за избор на проектна варијанта. Менаџирање на параметрите време и квалитет. Селекција на конкурентски проекти. Примери на реални проекти: D, B, DB, DBOT, ROT, DROT проекти и специфичности со припадна документација. Комерцијални, технички, социјални, институционални, финансиски и економски аспекти на проектите. Аспекти на животната средина.  Менаџмент на ризик и можности во комплексни проекти. Извештаи и презентација на проекти. Случаи за анализа. Учење од проектите.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Греј, Ларсон Проектен менаџмент Мек Гроу Хил 2003

2

Гарет Џонс Современ менаџмент Мек Гроу Хил 2007

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Експерти од областа Научни трудови и публикации HBR, PMI, IEEE 20016

2

В. Фуштиќ Успешни проекти – Случаи за анализа ПМЦ, ФЕИТ 20015

3

Џ. Филипс ПМП – Професионален студиски прирачник за проектен менаџмент Мек Гроу Хил 2013