Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта

Код: 3ФЕИТ07016

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Данијела Ефнушева, Доц. д-р Томислав Шуминоски

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со различни типови на паметни IoT уреди. Техники за проектирање на паметни IoT уреди и примена на паметни IoT уреди.

Содржина на предметната програма: Анализа на трендови и можности за иновации во развој на хардвер за IoT системи. Скалабилна архитектура за IoT апликации. Oсновни под-системи во систем на чип наменет за IoT: дигитални кола со ниска потрошувачка на енергија, кола за хардверска безбедност и автентикација, low- и zero-leakage мемории, радио во мал опсег, минијатурни батерии со продолжено време на живот итн.  Техники за проектирање на системи наменети за работа во IoT околина. Паметни IoT уреди. Примена на IoT паметни уреди во различни подрачја: Интернет на луѓе, Интернет на возила, Интернет на медиа итн .

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Ovidiu Vermesan, Peter Friess"Internet of Things: Converging Technologies for Smart Environments and Integrated Ecosystems"River Publishers2013
2Ovidiu Vermesan, Peter Friess"Internet of Things – From Research and Innovation to Market Deployment"River Publishers2014
3Massimo Alioto"Enabling the Internet of Things: From Integrated Circuits to Integrated Systems"Springer2017