1. Наслов на наставниот предмет | Радиокомуникациско инженерство | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10Л023 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/8 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Зоран Хаџи-Велков | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Основи на телекомуникации | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со фундаменталните појави при пренос на телекомуникациски сигнали низ безжични радио канали. Разбирање на принципите и техниките на дизајнирање на предаватели и приемници во радиокомуникациски систем. Способност да ги анализира и опишува својствата на радио каналот. Способност да се моделираат и дизајнираат радиофреквенциски подсистеми за безжични предаватели и приемници. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Радио фреквентни подрачја. Поларизација на радио сигнали. Дијаграм на зрачење на антена. Простирање на радио бранови во слободен простор. Модел на простирање по две патеки. Дифракција. Френелови зони. Безжичен радио канал во урбана средина. Појава на засенување во радио канали. Модел на Hata-Okumura. Простирање по повеќе патеки. Rayleigh и Rice фединг. Доплеров ефект. Фреквентна селективност и временска дисперзија. Широкопојасен канал. МИМО радио канали. Структура на радиофреквенциски (РФ) приемници и предаватели. Чувствителност и динамичен опсег. Фактор на шум. Динамичен опсег. Меѓумодулација. Реципрочно мешање. Буџет на линк и ефект врз дизајн на РФ приемник. Моделирање, симулација и дизајн на РФ системи. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски работи | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 20 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 20 | |||||||
16.3. Домашно учење | 65 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 0 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 40 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 50 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот). Во текот на семестарот студентите може да се задолжат самостојно да изработат семинарски работи. За студентите кои ги положиле парцијалните испити може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, поените од семинарските работи и завршниот устен испит. Студентите кои наместо преку два парцијални испити, испитот го полагаат преку писмен испит, истиот го полагаат во предвидените испитни сесии. За студентите кои го положиле писмениот испит, може да се спроведе и завршен устен испит. Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, поените од семинарските работи и завршниот устен испит. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид. Дозволено е користење на калкулатор. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | З. Хаџи-Велков | Безжични канали | интерна скрипта | NULL | ||||
2 | R. L. Freeman | Radio system design for telecommunications, 3rd ed. | Wiley | 2007 |