1. Наслов на наставниот предмет | Сигурносни комуникации | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ10З026 | |||||||
3. Студиска програма | ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | IV/7 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Александар Ристески | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положен: Математика 2 | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Со положување на предметот, студените ќе бидат теоретски и практично запознаени со криптографските техники, алгоритми и протоколи (симетрични и асиметрични алгоритми за шифрирање, протоколи за размена на клуч, хаш функции, алгоритми за дигитален потпис итн.) и ќе можат да ги применат во различни апликации. Студентите ќе ги научат концептите за мрежна сигурност и обезбедување на сигурни комуникации низ различни типови на комуникациски мрежи и системи и ќе бидат оспособени за нивна анализа и дизајн. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед. Основни поими и концепти за обезбедување на сигурни комуникации. Основни поими од криптографија и критпоанализа. Видови напади врз сигурноста. Класична симетрична енкрипција. Блоковска енкрипција. DES. Режими на работа на блоковски шифри. Проточни шифри. AES. Сигурност на симетрични алгоритми. Асиметрична енкрипција. Алгоритми со јавен клуч. Diffie-Hellman. RSA. Криптографија со елиптични криви. Интегритет на пораките и автентичност. Еднонасочни (hash) функции. Дигитален потпис. Дигитален сертификат. PGP. Квантна криптографија. QKD. Примена на квантни компјутери во криптоанализа. Основни концепти за мрежна сигурност. Основни сигурносни сервиси. Управување со сигурноста. Проценка на сигурносни ризици. Сигурносни механизми на различни нивоа од OSI моделот. IPsec. SSL, TLS. Виртуелни приватни мрежи (VPN) базирани на сигурносни механизми. Сигурносни механизми во: WiFi, WiMAX, мобилни мрежи (GSM, UMTS, LTE, 5G), персонални мрежи (Bluetooth, ZigBee). Сигурност на сервиси во облак. Системи за детекција и превенција на упади (IDS, IPS). | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 30 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 45 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 20 | |||||||
17.3. Активност и учење | 0 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и комплетно изработени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот, се полагаат два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од најмногу 90 минути) и тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. Алтернативно, наместо полагање на еден од парцијалните испити, може да се изработи семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и од семинарската работа или проектната задача, ако се изработени. Во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење најмногу 120 минути) или еден од парцијалните испити, ако е изработена семинарска работа или проектна задача. Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача, ако се изработени. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Александар Ристески | Интерна скрипта за Сигурносни комуникации (теорија, слајдови и задачи) | NULL | |||||
2 | W. Stallings | Cryptography and Network Security, Principles and Practices | Prentice Hall | 2011 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Вилијам Сталингс | Криптографија и безбедност на мрежа (четврто издание) | NULL | |||||
2 | Симсонс Гарфинкел и Џин Спафорд | Безбедност и заштита на мрежниот сообраќај | NULL |