Софтверски алатки во електроенергетика

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Софтверски алатки во електроенергетика
2. Код 4ФЕИТ04Л023
3. Студиска програма ЕЕПМ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Атанас Илиев
9. Предуслов за запишување на предметот Положен: Програмирање и алгоритми
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување практични знаења и оспособеност за користење на современи софтверски пакети и алатки за решавање на конкретни инженерски и менаџерски проблеми и изработка на техничка документација. Оспособеност за компјутерско моделирање, анализа и вузуализација на физичките процеси во електроенергетските постројки. Оспособеност за подготовка на техничка документација и презентации со користење на софтверски алатки.
11. Содржина на програмата: Методологија за решавање на инженерски проблеми. Oснови, програмирање во MATLAB (GNU Octave) , М-датотеки. Операции со матрици и решaвање на системи линеaрни и нелинеарни равенки. Примена во решавање на електрични кола и пресметка на струи на куси врски. Статистичка обработка и анализа на бизнис податоци и податоци од погон на електрични централи. Пресметки со несигурни податоци -Fuzzy аритметика. Визуализација и графичка обработка на податоци и процеси од електроенергетиката.. Креирање на сопствени функции, решавање на нумерички и оптимизациони проблеми од електроенергетиката. Апроксимација и предвидување во енергетиката и менаџментот. Софтверски алатки за изготвување на инженерска техничка документација. Стандарди, критериуми и правила за оформување на инженерски текст, графика, мултимедија. Правила за подготовка на техничка презентација и нејзино за ефективно презентирање пред публика. Напредно користење на MS Excel и неговите додатоци (анализа на листи, Solver, Goal Seek, Scenario Manager).
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, практични вежби во ФЛАОП со решавање на практични примери од електроенергетиката и инженерскиот менаџмент, самостојна изработка на домашни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 20
16.3. Домашно учење 85
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 30
17.2. Семинарска работа/проект 0
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 60
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработка на домашните и проектни задачи
20. Начин на полагање на испитот Преку два парцијални писмени испити (секој со времетраење од 2 часа) или преку завршен писмен испит на целиот наставен материјал од предметот (времетраење 2 часа). Во конечната оценка влегуваат поените од
парцијалните испити/завршниот испит.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти или белешки од било кој вид, мобилен телефон, таблет или било кој друг
електронски уред.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Brian D. Hahn Daniel T. Valentine Essential MATLAB for Engineers and Scientists Academic Press is an imprint of Elsevier 2919
2 Атанас Илиев Софтверски алатки во ЕЕ – предавања и презентации ФЕИТ – Скопје 2020
3 Microsoft MS Office 2016 – Reference Manual Microsoft Press 2016
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Z. Stojković Проектирање со користење на компјутери во електроенергетикатаЕТФ Београд ЕТФ Београд 2003
2 А. Gillat Matlab – An Introduction with Application John Willey & Sons Inc 2011