Предмет: Сообраќајна политика и економика
Код: 3ФЕИТ11007
Број на ЕКТС кредити: 7 ЕКТС
Неделен фонд на часови:3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Верица Данчевска
Цели на предметната програма (компетенции): Основна цел на предметот е студентот да ги стекне следниве знаења и компетенции: • да се запознае со поимот за сообраќај и транспорт, како и видови и важност на сообраќајната политика. • да се запознае со европската сообраќајна политика, нејзините цели, обележја, начела и инструменти • да ги запознае основните принципи на економиката во сообраќајот и транспортот • да се запознае и да е способен да ја имплементира европската регулатива во областа на сообраќајот и транспортот • да е способен да работи во делот на прилагодување на македонската кон Европската регулатива во сообраќајот и транспортот.
Содржина на предметната програма: •Основни поими за сообраќајно-транспортните системи и технологии (патен, воздушен, железнички сообраќај) • Општо за сообраќајната политика: поим, видови, цели, инструменти, начела • Општо за транспортната економика: поим, извори, обележја, принципи • Сообраќајна инфраструктура и сообраќајна супраструктура • Трошоци и видови трошоци во сообраќајот, пресметка на трошоци во сообраќајот • Економски модели за одредување на најекономичен вид на превоз • Меѓуоднос на сообраќајната политика и одржливиот развој • Меѓуоднос на транспортната економика и одржливиот развој • Преземање на Европската легислатива во областа на сообраќајот и транспортот
Литература:
Задолжителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Д-р Верица Данчевска | Транспортна економика | Технички факултет Битола | 2009 |
2 | Д-р Верица Данчевска | Сообраќајна политика и одржлив развој | Технички факултет Битола | 2006 |
Дополнителна литература | ||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година |
1 | Ratko Zelenika | Nacela ekonomije i ekonomike | Технички факултет Битола | 2008 |