Современи процесорски архитектури

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Современи процесорски архитектури

2.    Код

3ФЕИТ07З032

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Данијела Ефнушева

9.    Предуслов за запишување на предметот

Положени: Компјутерски архитектури, Логички дизајн

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со функциите на модерните елементи од современтите процесорски системи: разни концепти за паралелизам на иструкции, синхронизација на мултипроцесори, современ дизајн на мемориска хиерархија и практични примери. По завршување на курсот студентите ќе бидат оспособени за анализа и проектирање на современи процесорски архитектури.

11.    Содржина на програмата: ВОВЕД  современи компјутерски архитектури.  Класи на компјутери и насоки на развој. Перформанси на компјутерски системи. Квантитативни пристапи за дизајн на компјутери.  Паралелизам на инструкциско ниво. Гранење со предвидување. Податочни зависности и динамичко распоредување. Хардверски-базирано шпекулативно извршување. Напредни техники за достава на инструкции и шпекулација. Споредба на хардверска наспроти софтверска шпекулација. Повеќенитност – решение на ограничувањата на паралелизмот на инструкциско ниво.   Паралелно процесирање. Симетрични повеќе-процесорски системи со споделена меморија и дистрибуирана меморија. Синхронизација. Одржување на конзистентност на меморијата.  Запознавање со Sun T1,Т2,Т3 и Т4 процесорите. Дизајн на мемориска хиерархија. Оптимизации на перформанси на кеш меморија. Мемориска технологија и оптимизации. Виртуелна меморија и виртуелни машини.  Системи за складирање. I/O перформанси, надежност и тестирање. Дизајнирање и евалуација на I/O систем.

12.    Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

25

16.3. Домашно учење

50

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

40

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Два парцијални испити во текот на семестарот во времетраење од 120 минути или еден завршен испит во соодветна испитна сесија во времетраење од 120 минути. Проектна (семинарска) задача од група студенти. Вториот парцијален испит вклучува презентација и одбрана на проектната задача. Оценување и на лабораториските вежби. Во конечната оцена влегуваат поените од писмениот испит, проектната задача и лабораториските вежби.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Џон Л. Хенеси, Дејвид А. Петерсон Компјутерска архитектура Превод влада 2011

2

Ендрју С. Таненбаум Структурирана компјутерска организација Превод влада 2012

3

Patterson D.A, Hennessy J.L. Computer Organization and Design: The Hardware/Software Interface, 5th Ed. Morgan Kaufmann 2013