Студентска пракса

Последна измена: јуни 30, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Студентска пракса
2. Код 4ФЕИТ12Л011
3. Студиска програма ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар IV/8 7. Број на ЕКТС 3
8. Наставник Сите
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции). Со реализација на студентската пракса студентите ќе бидат способни: да го применат стекнатото академското знаење во решавање на предизвиците од реалниот свет во работното окружување; да ја сфатат динамиката на работното место, професионалните очекувања и влијанието на културата врз двете; да разберат што ја прави компанијата успешна во својата област и со кои клучни прашања се соочува, внатрешно и на пазарот, да воочат што може поединецот да придонесе во професионална средина, како се стекнуваат вештини низ искуство и предизвици, каква е улогата на поединецот во проектите на компанијата и во тимската работа.
11. Содржина на програмата: Студентската пракса се реализира во професионална работна средина. Дизајнирана е така што треба да им овозможи на студентите воспоставување врска помеѓу теоријата изучувана во текот на академските студии и практичната примена на таа теорија во професионалната работна средина. Дејноста на компанијата во која се реализира праксата треба да биде непосредно поврзана со областите што ги проучува студиската програма и треба да му овозмжи на студентот стекнување искуства кои не се достапни во академското опкружување.Праксата е можност за стекнување почетно искуство во кариерата, како и компетенции што работодавците ги ценат при новите вработувања. Работните задачи на студентот ги дефинираат лицето иманувано од компанијата во која се реализира праксата и наставник од факултетот, одговорен за професионалната пракса. Времетраењето на праксата е најмалку 60 дена.
12.Методи на учење Работа во професионална средина под менторство на наставник од ФЕИТ и одговорно лице од компанијата во која се одвива студентската пракса.
13. Вкупен расположив фонд на часови NULL + NULL + NULL + NULL
14. Распределба на расположивото време 60
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава NULL
15.2. Вежби, семинари, тимска работа NULL
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи NULL
16.2. Самостојни задачи NULL
16.3. Домашно учење NULL
17. Начини на оценување 17.1. Тестови NULL
17.2. Семинарска работа/проект NULL
17.3. Активност и учење NULL
17.4. Завршен испит NULL
Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Студентот мора да пополни Потврда за потреба од студентска пракса
20. Начин на полагање на испитот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература