Техника на висок напон 2

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Техника на висок напон 2
2. Код 4ФЕИТ09Л023
3. Студиска програма ЕЕС
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар III/6 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Јорданчо Ангелов
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Електрични мрежи
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со карактеристиките на молњата како извор на атмосферските пренапони, заштита на електроенергетски објекти, постројки и надземни водови, координација на изолацијата, методи за анализа, симулација и моделирање, комутациони (склопни) пренапони и заштита од нив.
11. Содржина на програмата: Вовед. Основни поими и дефиниции. Област на изучување. Молња – извор на атмосферските пренапони и нејзини карактеристики. Заштита од директни удари на молњата и СЗАП. Заштита на објектите, надземните водови и електроенергетските постројки. Простирање на бранови по водовите. Прекршување и одбивање. Петерсеново правило. Искришта и одводници на пренапони. Координација на изолацијата. Заземјување и импулсен отпор. Моделирање. Заштита на разводните постројки и трафостаници од упадни бранови. Комутациони пренапони во ЕЕС. Пренапони при вклучување и исклучување на реактивни елементи и долги водови. Примена на Matlab/Simulink за анализа на комутационите пренапони. Моделирање и пресметки.
12.Методи на учење Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 2 + 0 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 30
16.2. Самостојни задачи 30
16.3. Домашно учење 45
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 20
17.2. Семинарска работа/проект 20
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 50
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите
20. Начин на полагање на испитот Писмен испит: два парцијални испита (по 120 min) или завршен писмен испит (120 min).
Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот.
Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти.
За време на испитот не е дозволено користење литература во печатена или електронска форма, како и мобилен телефони, таблети или кој било друг електронски уред. Употреба на калкулатор е дозволена, но не е дозволено користење на мобилни телефони, таблети или слични електронски уреди.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ристо Ачковски Техника на висок напон 2 ФЕИТ-Скопје 2008
2 Ристо Ачковски Збирка задачи по техника на висок напон 2 ФЕИТ-Скопје 2008
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Ристо Миновски Атмосферски пренапони ЕТФ-Скопје 2002