Телекомуникациски протоколен инженеринг

Објавено: февруари 12, 2019

Предмет: Телекомуникациски протоколен инженеринг

Код: 3ФЕИТ10033

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на курсот се очекува студентот да ги владее напредните концепти за инженеринг на телекомуникациските протоколи од второ и повисоко протоколно ниво и да демонстрира способност за истражувачка работа во областа.

Содржина на предметната програма: Спецификација и опис на телекомуникациските протоколи од второ и повисоко протоколно ниво. Анализа и дизајн на комуникациските протоколи. Протоколен инженеринг и подобрување на ефикасноста на протоколите. Имплементација, тестирање и верификација на перформансите на процедурите дефинирани со телекомуникациските протоколи. Аналитички, симулациски и формални методи за евалуација на перформансите на процедурите и споредба на нивните резултати. Разработка на конкретни примери од современите широкопојасни безжични телекомуникациски технологии.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Pero Latkoski, Borislav Popovski Communication Protocol Engineering of Wireless Networks: Modeling and Optimization VDM Verlag Dr. Müller 2009
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Pallapa Venkataram, Sunilkumar S. Manvi, B. Babu Communication protocol Engineering Prentice-Hall 2014
2 Miroslav Popovic Communication Protocol Engineering CRC Press 2016