Теорија на кодирање со контрола на грешки

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Теорија на кодирање со контрола на грешки
2. Код 4ФЕИТ11007
3. Студиска програма 7-НКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Сања Атанасова
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на курсот е запознавање со основните кодови кои откриваат и поправаат грешки. Целта на теоријата на кодирање е успешно пренесување на податоци низ канали со шум и корегирање на грешки кај оштетени пораки. За таа цел, студените преку овој курс ќе бидат способни да креираат кодови кои се оптимални според примената за која се користат за да се обезбеди брз и коректен пренос низ канал со шум.

11. Содржина на програмата:

Детекција на грешки и декодирање. Конечни полиња и нивна структура. Линеарни кодови. Векторски полиња на лиенарни кодови, бази на линеарни кодови. Кодирање и декодирање на линеарни кодови. Кодови за отривање и поправање грешки. Граници во кодирање. Долна граница, сферични граници, Гилберт Варшамов граница,…Реконструкција на кодови. Кодови на Hamming и кодови на Reed-Muller.

12. Методи на учење:

Предавања, презентации

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 15 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 15 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени тестови и изработка на проектни задачи или семинарски трудови. Во предвидените испитни сесии се бранат проектните задачи или семинарските. Во конечната оценка влегуваат поените од тестовите, домашното учење како и поените од одбраната на проектните задачи или семинарските.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Hill, Raymond A First Course of Coding Theory Oxford Univetsity Press 1990
2. Moreira, J.C., Farell, P.G. Essentials of Error Control Coding John Wiley&Sons, Ltd 2006