Сензори, кондиционери и уреди за аквизиција

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Сензори, кондиционери и уреди за аквизиција

2.    Код

3ФЕИТ05З034

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Јосиф Ќосев

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Познава гама на сензори од практиката. Проценува перформанси и врши избор на кондиционер според каталошки податоци. Умее да проектира едноставни кондиционери и интелигентни сензори. Разбира значење на стандарди.

11.    Содржина на програмата: Вовед во сензорски базирани системи, карактеристики, микроелектронски сензори; отпорнички базирани сензори и кондиционери, капацитивно и индуктивно базирани сензори и кондиционери; пречки, шумови и заштита; активни сензори; специјални засилувачи и засилувачи со високи перформанси; дигитални и интелигентни сензори; полупроводнички сензори; А/Д конвертори со високи перформанси; сензорски системи и уреди за аквизиција, стандарди, пример на аквизиција со ПЛК.

12.    Методи на учење: Предавања со решавање примери, лабораториски вежби, проектна задача

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 0 + 2 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

15

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

15

17.2. Семинарска работа/проект

15

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби/ проектна задача

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Ако студентот не ги положи парцијалните испити може во предвидените испитни сесии да полага писмен испит (времетраење 120 минути). За време на наставата се бодува активноста на студентот. Студентот треба да изработи проектна задача и истата да ја предаде најдоцна до крајот на сесијата која следи по крајот на семестарот. Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити или испитот, активноста и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.  Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

23.  Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ramon Palas Areny Sensors and Signal Conditioning John Wiley and Sons 2001

2

Jacob Fraden Handbook of Modern Sensors Springer 2004

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

D.H. Sheingold Transducer Interfacing Handbook Analog Devices 1980

2

Randy Frank Understanding Smart Sensors Arcteh 2000

3

Walt Kester Practical Design Techniques for Sensor Signal Conditioning Analog Devices 1999