Телевизија и видеопроцесирање

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Телевизија и видеопроцесирање

2.    Код

3ФЕИТ05З037

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Томислав Карталов

9.    Предуслов за запишување на предметот

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на дигитално процесирање на видео. Запознавање со принципите на телевизијата и современите дигитални телевизиски системи, од камера до телевизор. По завршувањето на курсот, студентот ќе располага со разбирање на функционирањето на уредите за аквизиција на видео, студиските уреди, како и уредите за широка потрошувачка.

11.    Содржина на програмата: 1. Вовед. Светлина и слика. Фотометрија. Колориметрија. 2. Анализа на слика. 3. Основи на аналогна ТВ. Колор ТВ-системи. 4. Дигитално видео. 5. Компресија без и со загуби.  6. Компресија на слика. DCT. JPEG 7. Компресија на видео. Естимација и компензација на движење во сцената. 8. Колоквиумска седмица. 9. Компресиски стандарди за видео. MPEG-1. MPEG-2. MPEG-4. H-264. H-265. 10. Аудиокомпресија. Основи на DAB. 11. ТВ радиодифузија. DVB систем. Мултиплексирање. Скремблирање. Модулација. 12. ТВ-приемници. FPD-дисплеи. 13. Аналогни и дигитални видео интерфејси. Компонентно видео, композитно видео, DVI, HDMI. 14. Стерео слика. 3DTV. 15. Колоквиумска седмица.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

20

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработени лабораториски вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од по 40 минути), кои вклучуваат задачи со зададени нумерички вредности и теоретски прашања. Алтернативно, во испитните сесии се полага писмен испит (времетраење 40 минути).
Студентите кои ги положиле парцијалните испити, или писмениот испит, добиваат конечна оценка за положување на предметот. Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити (или писмениот испит), како и поените од активност и континуирано учење (присуство и активност на часови и на лабораториски вежби).
За време на испитот Е дозволено користење на секој пишан материјал: книги, скрипти, ракописи, табели, каталози или белешки од кој било вид. НЕ е дозволено користење на електронски уреди, освен калкулатор. Дозволено Е користење на моливи, пенкала, фломастери, боички, (во сите бои освен црвена), гуми, коректори, острилки, линијари, шестари, шаблони и други механички помагала за пишување

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети, самоевалуација, и директни разговори со студентите.

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Hervé Benoit Digital Television – Third Edition ELSEVIER 2008

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John Arnold, Michael Frater, Mark Pickering Digital Television Technology and Standards John Wiley & Sons, Inc. 2007

2

Yao Wang, Joern Ostermann, Ya-Qin Zhang Video Processing and Communications Prentice Hall 2002

3

Ulrich H. Reimers DVB—The Family of International Standards for Digital Video Broadcasting Springer 2005