![](https://feit.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2022/08/foto-1-a-300x224.jpg)
Во новиот семестар студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе можат да ги користат ново опремените лаборатории за електроника и електротехника. Опремата е донација од компанијата Логинг електроникс , која во изминатите 25 години постоење во континуитет обезбедува поддршка на факултетот заради подобра едукација на студентите. Според деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски...