Конкурс во рамки на програмата Еразмус+

Последна измена: септември 4, 2021

         

 

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2021/2022 година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за наставен кадар за престој на високообразовните институции во ЕУ. Сите потребни документи за аплицирање можете да ги најдете и на интернет страната на УКИМ-Erasmus+ (www.ukim.edu.mk).

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:

мобилност за наставeн ангажман (teaching):

мобилност за обука (training) :

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот  најдоцна до 30 ноември 2021.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува наставникот и еден примерок со пропратно писмо од факилтетот се доставува до Ректоратот на УКИМ)

(Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на апликациите од страна на факултетите до Ректоратот е 7 декември 2021.

                                                УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ