Врз основа на договорот за проектот „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“ – SEEtheSkills и утврдена потреба од соработник на проектот со познавање од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, се распишува
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за ангажирање на соработник на проект
I. Се распишува интерен оглас за ангажирање на 1 соработник на проектот со наслов „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“, Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable – SEEtheSkills, што го финансира Извршната Европска агенција за клима, инфраструктура и животна средина при Европската комисија (European Climate, Infrastructure and Environment Executive Agency-CINEA of the European Commission) според договор бр. 101033743 — SEEtheSkills — H2020-LC-SC3-2018-2019-2020 / H2020-LC-SC3-EE-2020-2.
Проектот вклучува креирање на микро обуки во областа на ОИЕ и развој на 2 вебинари за Moodle платформа на е-учење, пилотирање на развиените обуки како и континуирана евалуација на постигнување на проектните цели кои се однесуваат на овозможување на обука, дообука и стекнување на вештини за имплементирање на ОИЕ во градбите со цел постигнување на енергетска ефикасност и одржливост на објектите.
II. Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да бидат дипломирани елетроинженери со просек на прв циклус студии од најмалку 9,00, по можноста на студиската програма Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ) или на некоја од студиските програми поврзани со електроенергетика.
– да имаат завршено втор циклус студии, на некоја од студиските програми Обновливи извори на енергија (ОИЕ), Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (ЕСОР) или Електроенергетика (ЕЕ) со просек од најмалку 9,00.
– Да има завршени дополнителни специфични обуки од областа на ОИЕ, фотоволтаични системи, сончеви топлински колекторски системи, енергетска ефикасност и сл.
– Најмалку 3 години работно искуство во компанија од областа на енергетиката
– Искуство во држење обуки од областа на обновливите извори на енергија
III. Со пријавата кандидатите поднесуваат: документи за завршено образование од највисокиот степен и куса биографија (CV) на маил адреса: lihnida@feit.ukim.edu.mk
IV. За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат кај професорот Лихнида Стојановска-Георгиевска на следниот е-маил lihnida@feit.ukim.edu.mk .
V. Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.