Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР)

Студиска програма: 14 – Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој (14-ЕСОР)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус академски студии од областите на технички и природни науки на универзитети во земјава и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска ефикасност, животна средина и обновлив развој

Целта на студиската програма е да се оспособи водечки високостручен инженерски кадар компетентен за истражување, развој, проектирање и примена на сложени интердисциплинарни проекти во областите на енергетска ефикасност, влијанието на електричната енергија врз животната околина и одржливиот развој.

Соодветно на тоа, кандидатите на оваа студиска програма ќе бидат оспособени за решавање на проблеми поврзани со унапредување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Ќе бидат оспособени и за применување на техниките за интегрирање на превентивните стратегиите при планирањето и развојот на индустриското производство, за намалување на причините за загадување на животната средина предизвикани од производните процеси и рационализација на потрошувачката на енергија и суровински материјали. Кандидатите ќе се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на влијанието на електромагнетните полиња врз околината и соодветната заштитата, да ги применуваат соодветните протоколи за мерење на најважните параметри на животната и работната средина со посебен осврт на нејонизирачките зрачења, како и да ги применуваат регулативите во областа на животната средина и нејонизирачките зрачења на меѓународно и национално ниво.

Оваа студиска програма ќе придонесе кон унапредување на енергетската ефикасност во Република Македонија, особено во индустрискиот, транспортниот, резиденцијалниот, комерцијалниот и услужниот сектор, а магистрите по “Енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој” ќе придонесат во развојот на индустрискиот сектор, научно-истражувачката и наставната работа на Универзитетите.

Прв семестар  
Задолжителни предмет
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ06008 Енергија и ефикасност за одржлива иднина 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+0+0+3 180
  Изборен предмет 4 6 3+0+0+3 180
Вкупно   30 15+0+0+15 900
Изборни предмет
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ01001 Автоматизација на згради 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06001 Био-ефекти на електричната енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06002 Еко – ефикасност и почисто производство 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04003 Еколошки и енергетски ефикасни технологии за производство на електрична енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06003 Електрични и хибридни возила 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06004 Електромагнетни влијанија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06005 Електромагнетни полиња во околината и нивно мерење 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06006 Електромагнетно моделирање 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02007 Енергетска ефикасност во електромоторни погони 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06007 Енергетска ефикасност на електротермиски постројки 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02009 Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10009 Енергетски ефикасно омрежување 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ04006 Енергетски одржлив развој 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ11003 Енергија и климатски промени 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02011 Заштеда на електрична енергија во домаќинствата и стопанството 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ10010 ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ08012 Материјали за складирање и конверзија на енергија 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ03009 Мониторинг на животна и работна средина 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ06009 Регулатива во областа на животната средина 6 3+0+0+3 180
3ФЕИТ02024 Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност 6 3+0+0+3 180
Втор семестар  
Задолжителни предмети
Код Предмет Кредити Неделен фонд на часови Вкупен расположив фонд на време (часови)
3ФЕИТ00 Магистерска работа 20 0+0+0+20 600
Изборни предмети
3ФЕИТ14 Истражувачки проект од областа на енергетска ефикасност, животна средина и одржлив развој 6 0+0+0+6 180
  Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120
Вкупно   30 2+0+0+28 900