Автоматизација на згради

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Автоматизација на згради

Код: 3ФЕИТ01001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови2+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Миле Станковски

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на адекватно знаење за влијанието на автоматизацијата на зградите на енергетската потрошувачка, како и за мерките за подобрување на енергетската ефикасност и обезбедување на одржлива иднина. Оспособен за унапредување на енергетската ефикасност и подобрена функционалност на станбено деловните објекти. Примена на обновливите извори на енергија во автоматизацијата на згради.

Содржина на предметната програма: Вовед во интелигентни системи за управување со интелигентни згради. Системи за управување со згради. Потсистем за управување со греење и ладење. Потсистем за управување со осветлување. Потсистеми за управување со контрола на пристап и видео надзор. Потсистем за заштита од пожар. Сензори и извршни елементи кои се користат во автоматизацијата на згради .Централна управувачка станица на системите за автоматизација на згради. Принципи на управување со енергијата во интелигентните згради. Вмрежување на системите за автоматизација на згради. Користење на обновливи извори на енергија за зголемување на ефикасноста при автоматизација на згради.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1CIBSE, CIBSE Guide HBuilding Control SystemsButterworth-Heinemann2000
2By Barney L. Capehart, Lynne C. CapehartWeb Based Energy Information And Control Systems: Case Studies And ApplicationsThe Fairmont Press, Inc.2005
3G. J. LevermoreBuilding Energy Management SystemsTaylor & Francis2000