Мониторинг на животна и работна средина

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Мониторинг на животна и работна средина

Код: 3ФЕИТ03009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Марија Чундева-Блајер

Цели на предметната програма (компетенции): Кандидатот да ги знае и разбира мерните постапки за најважните параметри на животната и работната средина.

Содржина на предметната програма: Вовед. Типови на мониторинг на околината. Организација на мониторингот на околината. Аналитички мерни методи за определување на параметрите на медиумите во животната и работната средина. Сетила и електрични постапки за мониторинг на притисок, брзина и проток на флуиди, температура, ниво на течности, влага, осветленост. Магнетни мерења. Биосензори. Инструментациски методи мерење на ниво на бучава и вибрации. Извори на јонизирачки зрачења и нивни биолошки ефекти. Мерни постапки за детекција на јонизирачки зрачења. Елементи на мерен систем за мониторинг. Автоматизирани мерни системи за мониторинг. Далечински мерни методи за мониторинг и детекција на загадување на животна и работна средина. Системи за аквизиција и чување на мерни податоци од мониторинг. Развој на нови платформи и техники за процесирање на мерни сигнали при детекција на потенцијални извори за контаминација и мониторинг на квалитетот на воздухот, водата и почвата. Примена на софтверски алатки при мониторинг. Обезбедување и контрола на квалитетот при мерењето на параметрите на животната и работната средина, намалување на мерната неодреденост. Калибрација на системите за мониторинг.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Krawczuk, R. Kubacki, S. Wiak, C. Lemos AntunesElectromagnetic Field, Health and EnviromentIOS Press, Amsterdam2008
2J. Gardner, V. K. Varadan. O. AwadelkarimMicrosensors, MEMS, and smart devicesJohn Wiley & Sons Ltd, West Sussex2001
3A. MorrisMeasurement and Instrumentation PrinciplesButterworth-Heinemann Linacre House, Oxford2001
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1D. W. ConnellBasic concepts of environmental chemistryCRC Press LLC, Boca Raton1997
2S. E. ManahanEnvironmental chemistryLewis Publishers, Boka Raton2000
3W. Dargie, Ch.PoellabauerFundamentals Of Wireless Sensor Networks: Theory And PracticeJohn Wiley & Sons Ltd.2010