Био-ефекти на електричната енергија

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Био-ефекти на електричната енергија

Код: 3ФЕИТ06001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Весна Арнаутовски-Тошева

Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со  основите на биоефектите што ги предизвикува електричната енергија при нејзино користење.

Содржина на предметната програма: ЕМ влијанија врз човекот. Влијание со зрачење. Ризици од биолошкото влијание на нејонизирачките и јонизирачките зрачења. Диелектрични особини на ткивата на живи организми. Термички и нетермички ефекти од електромагнетното поле во живите организми. Механизми на физичка и хемиска интеракција на магнетното поле со ниски фреквенции и живите организми. Директно влијание на полето и појава на индуцирано електрично поле во клетките. Радиофреквенциски стандарди и дозиметрија, RF изложености влијанијата. Влијание на енергетските водови, трафостаниците, антените на базните станици и на мобилните телефони врз човекот. САР.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавач 
1Riadh W. Y. HabashElectromagnetic Fields and Radiation – Human bioeffects and safetyMarcel Dekker 
2Riadh W. Y. HabashBio effects and therapeutic applications of electromagnetic energyCRC Press 
3Повеќе авториBiological effects of magnetic and electromagnetic fieldsProceedings of an international Symposium on Biological Effects of Magnetic and Electromagnetic Fields, held September 1993 in Fukuoka Japan