ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2

Код: 3ФЕИТ10010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Александар Ристески, Вон. проф. д-р Перо Латкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Знаење на напредни методи и трендови за примена на ИКТ (паметни решенија) за постигнување енергетска ефикасност и одржлив развој во повеќе области: електроенергетика, транспорт и логистика, телекомуникации, автоматизација, управување со инфраструктура и јавни сервиси итн. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

Содржина на предметната програма: Напредни можности за користење на ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој. Нови трендови за примена на ИКТ за: управување со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија; транспорт и логистика; автоматизација на индустриски процеси; автоматизација на домови; управување со објекти; управување со инфраструктура; управување со јавни сервиси; намалување на емисија на CO2 и ефект на глобално затоплување и климатски промени. Енергетска ефикасност преку виртуелно присуство (telepresence). Трендови за енергетски ефикасни модели за R&D. Нови бизнис модели за енергетски и телеком оператори. Развој на нови апликации и услуги. Трендови во регулативата. Потрошувачка на енергија во ИКТ системите. Енергетско-ефикасни ИКТ системи. Методи и модели за оптимизација на ИКТ системите за зголемување на нивната енергетската ефикасност.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1L.M. Hilty, B. Aebischer (Eds.)ICT Innovations for SustainabilitySpringer2015
2Penni McLean- ConnerEnergy Efficiency: Principles and PracticesPennWell Corp.2009
3ICT for Energy Efficiency (ICT4EE)2010
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Џејмс ВоренМенаџирање на енергијата за транспортАрс Ламина2009
2Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература.