Енергија и климатски промени

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Енергија и климатски промени

Код: 3ФЕИТ11003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+1

Наставник: Проф. д-р Наташа Марковска

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на знаења за енергијата и климатските промени и начините за оценка на енергетските  технологии од околински и економски аспект, за клучните концепти на одржливиот развој, како и за ризиците и влијанијата на енергетските технологии врз околината и здравјето.

Содржина на предметната програма: 1. Енергија и климатски промени (Конвенција за климатски промени, Договорот од Париз; Емисии на стакленички гасови од енергетски системи и мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови; Енергетско планирање: сценарија за намалување на емисиите на стакленички гасови – технички анализи и социо-економски импликации). 2. Околинска и економска оценка на енергетски технологии (Ризици и влијанија на енергетски технологии: компаративни анализи; Методологии за оценка –  крива на маргинални трошоци; Приоретизација и трансфер на оптимални технологии). 3. Одржлив развој (Методологии за споредба и мерење на одржливоста – метрика и индикатори, повеќе-критериумски анализи, екстерни трошоци; Енергетска политика во функција на одржлив развој – сигурно снабдување со енергија, ублажување наклиматските промени, шеми за поддршка на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, врски со земјоделство и шумарство, создавање на работни места, даноци за емисии, ограничувања и тргување со емисии, повластени тарифи, зелени сертификати; Зелена економија и подобро владеење – енергија и околина во функција на рагионален развој, создавање на зелени работни места и иновации, искоренување на сиромаштија, раздвојување на растот  од ресурсите; Макроекоомски анализи, трендови и проекции, финансиски и регулаторни механизми).

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Меѓувладин панел за климатски промени – Третата работна група за ублажување на климатските промениПетти извештај за оценкаМеѓувладин панел за климатски промени2014
2Студиска група на Светскиот совет за енергија (Н.Марковска, член)Енергија и климатски промениСветски совет за енергија2007
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Меѓувладин панел за климатски промени [O. Edenhofer, R. Pichs-Madruga, Y. Sokona, K. Seyboth, P. Matschoss, S. Kadner, T. Zwickel, P. Eickemeier, G. Hansen, S. Schlömer, C. von Stechow (eds)].Специјален извештај за обновлива енергија и ублажувањето на климатските промениМеѓувладин панел за климатски промени,  Cambridge University Press, Cambridge, United Kingdom and New York, USA, 1075 pp2011