Електрични и хибридни возила

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Електрични и хибридни возила

Код: 3ФЕИТ06003

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Снежана Чундева

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на адекватно знаење за особеностите, карактеристиките и примената на електричните и хибридните возила.

Содржина на предметната програма: Улога на електричните возила во приватниот и јавниот урбан превоз. Електрични возила и животна средина. Технички достигнувања кај електричните и хибридните електрични возила. Типови на електрични возила. Батериски електрични возила. Хибридни електрични возила. Електрични возила со горивни ќелии. Соларни електрични возила. Електрични возила како потрошувачи и снабдувачи со електрична енергија. Обезбедување на помошни услуги со електрични возила. Енергетска ефикасност на електричните возила. Батерии и други енергетски извори во електричните возила. Електромоторни погони и преобразувачи кај електричните возила. Електрични влечни мотори и нивно управување. Моделирање на електрични возила. Влечна сила, влечни отпори, забрзување, трансмисија, суспензија. Системи за безбедност.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Chris Mi, M. Abul Masrur David Wenzhong Gao HYBRID ELECTRIC VEHICLES PRINCIPLES AND APPLICATIONS WITH PRACTICAL PERSPECTIVES, second edition John Wiley & Sons, Ltd 2017

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Pedro Miguel Pousada da Rocha Almeida IMPACT OF VEHICLE TO GRID IN THE POWER SYSTEM DYNAMIC BEHAVIOUR    

2

Zoran Stević (editor) New Generation of Electric Vehicles