Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори

Код: 3ФЕИТ02009

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Крсте Најденкоски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да анализира и избира, како и да проектира енергетски ефикасни електрични машини и трансформатори.

Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на електричните машини и трансформатори. Класи на енергетска ефикасност за електрични машини и трансформатори. Нови тенденции во развојот и предизвици. Материјали и технологија за производство. Методологија за намалување на потрошувачката на енергија во електроенергетските уреди. Избор и примена на методи за проценка на загубите.  Режими на работа на електричните мотори од аспект на енергетската ефикасност. видови загуби. Можности и стратегии за заштеда на енергијата во погони со електрични машини. Системи за управување на електричните машини за зголемување на нивната ефикасност. Влијание на режимите на работа врз енергетската ефикасност на трансформаторите. Примена на нови технологии во производство на трансформатори за намалување на загубите и зголемување на нивната ефикасност. Постапка при избор на трансформатори.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Ali EmadiEnergy-Efficient Electric MotorsTaylor & Francis2004
2B.W.KennedyEnergy Efficient TransformersMcGraw-Hill Professional; 1 edition1997
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1N. D. Sadanandan, A. H. EltomEnergy Efficient Motors Reference GuideUniversity Press of the Pacific2005
2H.E. JordanEnergy-Efficient Electric Motors and Their ApplicationsSpringer, USA1994