Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Управување на ЕЕУ и можности за подобрување на енергетската ефикасност

Код: 3ФЕИТ02024

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Горан Рафајловски

Цели на предметната програма (компетенции): Со успешно положување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции да дизајнира  различни системи на управување на електроенергетските уреди (ЕЕУ), и да користи напредни техники на управување кои допринесуваат за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата и штедењето на електричната енергија.

Содржина на предметната програма: Вовед во енергетска ефикасност од аспект на регулациони техники применети за регулација на брзината, моментот и факторот на моќност на електричните машини. Динамички режими на работа на електричните  мотори од аспект на енергетската ефикаснот. Системи за управување на електричните машини за зголемување  на нивната ефикасност. Различни техники на  егулација применети кај МНС со зголемена ефикасност: Скаларни методи на регулација на брзината и векторски методи за динамичка контрола на факторот на моќност. Примена на модерни регулатори (адаптивни и обсервери) за регулација на моментот и брзината  со зголемена енергетска ефикасност. Потенцијали за штедење на електрична енергија кај моторите со променлива брзина.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1Горан Ристо РафaјловскиЕлектрични мотори динамика и управувањеУниверзитет св. Кирил и Методиј, Скопје2012
2Math.H.J. BollenUnderstanding Power Quality ProblemsIEEE Press, New York,20102010
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1B.K.BoseModern Power Electronics and AC DrivesPrentice Hall , Upper Saddle River, NJ,20122012