Еко – ефикасност и почисто производство

Објавено: февруари 28, 2019

Предмет: Еко – ефикасност и почисто производство

Код: 3ФЕИТ06002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Снежана Чундева

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување на адекватно знаење за генерирање и спроведување во пракса нови ставови, познавања и вештини со цел да се обезбедат превентивни стратегии за заштита на животната средина. Оспособеност за интегрирање на превентивните стратегиите при планирањето и развојот на индустриското производство, елиминирање на причините за загадување на животната средина предизвикани од производните процеси и рационализација на потрошувачката на енергија и суровински материјали.

Содржина на предметната програма: Вовед, почисто производство (ПП), главна цел на концептот на ПП; Политика, закони и регулативи за животна средина во Р. Македонија; Проток на материјали; Проток на енергија; Иновативни и креативни решенија за ПП; Материјали штетени за животната средина, опасни материјали и регулативи; Индикатори и контрола на животната средина; Управување со отпад; Студии на случај и анализа на примена на принципи на почисто производство во индустриски инсталации.

Литература:

Задолжителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1 Cleaner Production ToolkitUnited Nation Industrial Develoment Organization2012
Дополнителна литература
Бр.АвторНасловИздавачГодина
1  United Nation Environmental Program