Интелигентни безжични системи (11-ИБС)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 11-Интелигентни безжични системи (11-ИБС)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа Интелигентни безжични системи

Целта на студиската програма е да профилира современ магистер во областа на интелигентни безжични системи, кој ќе поседува најсовремени знаења и вештини за успешна професионална кариера во ИКТ секторот на Република Северна Македонија, преку која ќе придонесе и за стопанскиот развој на државата. Студиската програма треба да произведе врвни професионалци кои ќе може брзо да се вклучат во работниот процес, ќе имаат иновативен менталитет, самодоверба и способност да преземаат лидерска улога во технологијата, бизнисот и во општеството. Исто така, студиската програма на студентот треба да му овозможи да се стекне со:

  • Генерално познавање и разбирање на интелигентните безжични системи
  • Теоретски и практични знаења за современите безжични и мобилни системи и мрежи
  • Теоретски и практични знаења за безжични системи од следната генерација
  • Вештини за планирање, проектирање, имплементација и управување со безжични системи
  • Користење на вештачка интелигенција во проектирање, операција и управување со безжичните системи
  • Способност за дизајн и имплементација на нови безжични и мобилни сервиси и апликации
  • Способност за дизајн и имплементација на паметни безжични и мобилни сервиси и апликации, кои вклучуваат информации за корисникот и околината
  • Способност за развој на безжични и мобилни сервиси и апликации во вертикалните економски сектори
  • Способност за доживотно учење и осознавање нови технологии
  • Способност за спроведување научни истражувања
  • Одлична основа за продолжување на образованието на докторски студии
  • Способност за индивидуален ангажман и самостојна работа, како и за тимска работа и соработка со колеги со различни профили
  • Способност за проценка, презентирање и разбирање на идеи и концепти од релевантни податоци од областа на интелигентни безжични системи
  • Комуникациски вештини и самодоверба.

Семестар 1
Задолжителни предмети 
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ10014 Модерни безжични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10013 Мобилни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10009 Интелигентни комуникациски технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10003 Дигитални сервиси и апликации 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Вкупно 30 15+15 900
Изборни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ10001 Безжични мултимедиски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10002 Бизнис менаџмент во телекомуникациите 6 3+3 180
4ФЕИТ10004 Дизајн на телекомуникациски мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10005 Енергетски ефикасни безжични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ10006 ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2 6 3+3 180
4ФЕИТ10007 ИКТ решенија за паметно општество 6 3+3 180
4ФЕИТ10008 Интелигентни безжични инфраструктури: технологии и апликации 6 3+3 180
4ФЕИТ10010 Квантни комуникации и квантни пресметки 6 3+3 180
4ФЕИТ11003 Конвексна оптимизација со примена 6 3+3 180
4ФЕИТ10011 Менаџмент на мултимедиски мрежи и сервиси 6 3+3 180
4ФЕИТ10012 Мерења во Интернет 6 3+3 180
4ФЕИТ10015 Напредни апликации за мобилни уреди 6 3+3 180
4ФЕИТ11005 Напредни веб технологии и сервиси 6 3+3 180
4ФЕИТ10016 Напредни интернет технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10017 Напредни техники за обработка на комуникациски податоци во мобилни и безжични мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10019 Позиционирање и технологии за мобилност 6 3+3 180
4ФЕИТ10020 Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта 6 3+3 180
4ФЕИТ10021 Реконфигурабилни мрежи 6 3+3 180
4ФЕИТ10024 Стандарди и регулатива за радиофреквенциски спектар 6 3+3 180
4ФЕИТ10025 Статистичко процесирање на сигналите и статистичко учење 6 3+3 180
4ФЕИТ10026 Стратешко планирање за телеком и Интернет иновации 6 3+3 180
4ФЕИТ10027 Телекомуникациски протоколен инженеринг 6 3+3 180
4ФЕИТ10028 Телесообраќаен инженеринг и мрежно планирање 6 3+3 180
4ФЕИТ10029 Теорија на информации 6 3+3 180
4ФЕИТ10030 Теорија на кодирање, сигурносни комуникации и blockchain технологии 6 3+3 180
4ФЕИТ10031 Техники на истражувањe во телекомуникациите 6 3+3 180

Сесместар 2
Задолжителни предмети
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ11 Истражувачки проект од областа на Интелигентни безжични системи 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900