ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој 2
2. Код 4ФЕИТ10006
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 14-ЕСОР, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Александар Ристески
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Знаење на напредни методи и трендови за примена на ИКТ (паметни решенија) за постигнување енергетска ефикасност и одржлив развој во повеќе области: електроенергетика, транспорт и логистика, телекомуникации, автоматизација, управување со инфраструктура и јавни сервиси итн. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

11. Содржина на програмата:

Напредни можности за користење на ИКТ за енергетска ефикасност и одржлив развој. Нови трендови за примена на ИКТ за: управување со производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија; транспорт и логистика; автоматизација на индустриски процеси; автоматизација на домови; управување со објекти; управување со инфраструктура; управување со јавни сервиси; намалување на емисија на CO2 и ефект на глобално затоплување и климатски промени. Енергетска ефикасност преку виртуелно присуство (telepresence). Трендови за енергетски ефикасни модели за R&D. Нови бизнис модели за енергетски и телеком оператори. Развој на нови апликации и услуги. Трендови во регулативата. Потрошувачка на енергија во ИКТ системите. Енергетско-ефикасни ИКТ системи. Методи и модели за оптимизација на ИКТ системите за зголемување на нивната енергетската ефикасност.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 70 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 20 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 90 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација и анкети
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. L.M. Hilty, B. Aebischer (Eds.) ICT Innovations for Sustainability Springer 2015
2. Penni McLean- Conner Energy Efficiency: Principles and Practices PennWell Corp. 2009
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки и друга литература.