Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ)

КомпетенцииIII

Студиска програма: 18- Енергетска електроника (18-ЕНЕЛ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.

Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа енергетска електроника

Енергетската електроника е подрачје на електротехниката кое доживеа интензивен технолошки развој во изминатите четири децении, а во последните години, со се поголемото значење на обновливите извори на енергија, како и енергетски ефикасното користење на електричната енергија, израсна во голема и особено важна научно-техничка дисциплина.

Енергетската електроника се занимава со конверзија и управување на електричната енергија во голем број на апликации во: постројките на тешката индустрија, електродистрибуцијата, обновливите извори на енергија, белата техника, телекомуникациите и компјутерската техника, авионската и воената индустрија и друго. Како примери на системи во кои енергетската електроника наоѓа примена може да се наведат еднонасочните и наизменичните извори за напојување, регулаторите за осветлување и затоплување, електричното заварување, електрохемиските процеси, индуктивното загревање и топење, корекција на факторот на моќност и отстранувањето на пречките во електричната мрежа, управувањето на машини на еднонасочен и наизменичен напон, трансформирањето на енергијата од батериите, сончевите, ветрогенераторите и другите обновливи алтернативни извори на енергија, изворите на непрекинато напојување со енергија на компјутери и други електрични системи и друго.

Значењето на енергетската електроника може да се илустрира со фактот дека во развиените земји околу 60% од генерираната електрична енергија се консумира од електричните машини, а наредните 20 % од осветлување. И кај двете примени со воведување на енергетска електроника може да се постигне поголема енергетска ефикасност и подобрено управување. Уште повеќе, постои општа потреба за претворање на електричната енергија од форма присутна во електричната мрежа во алтернативни форми потребни за разни апликации (на пример за напојување на електронските уреди и системи е потребна еднонасочна енергија). Во моментот, околу една третина од целата електрична енергија се преобразува пред нејзината конечна примена, а се предвидува дека овој дел ќе стане поголем од половина во наредните 5 години.

Семестар 1  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05014 Енергетски електронски компоненти и преобразувачи 6 3+3 180
4ФЕИТ05025 Проектирање на прекинувачки извори за напојување 6 3+3 180
  Изборен предмет 1 6 3+3 180
  Изборен предмет 2 6 3+3 180
  Изборен предмет 3 6 3+3 180
  Вкупно 30 3+3 900
Изборни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ05012 Енергетски електронски елементи 6 3+3 180
4ФЕИТ05024 Проектирање на енергетски конвертори 6 3+3 180
4ФЕИТ05029 Проектирање согласно со стандардите – PFC & EMC 6 3+3 180
4ФЕИТ05021 Преобразувачи со прелевање електричен полнеж 6 3+3 180
4ФЕИТ01009 Напредни системи на управување 6 3+3 180
4ФЕИТ02016 Моделирање на електромоторни погони 6 3+3 180
4ФЕИТ02005 Дигитално управување на електрични машини 6 3+3 180
4ФЕИТ04011 Проектирање и градба на фотоволтаични системи 6 3+3 180
4ФЕИТ05028 Проектирање системи со микроконтролери 6 3+3 180
4ФЕИТ05023 Проектирање вградливи системи со FPGA 6 3+3 180
4ФЕИТ05036 Техники за реално време и DSP микроконтролери 6 3+3 180

Семестар 2  
Задолжителни предмети  
Шифра Предмет Кредити Фонд Вкупен расположив фонд на време (часови)
4ФЕИТ18 Истражувачки проект од областа на енергетска електроника 6 0+6 180
4ФЕИТ00 Магистерски труд 24 720
  Вкупно 30 900