Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС +

Последна измена: јуни 30, 2020

Рок за аплицирање до 1.10.2019 Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за индивидуална мобилност за студенти и наставен кадар. Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во 3 примерока до Еразмус+ координаторот на ФЕИТ проф д-р Маргарита Гиновска, најдоцна до 1 октомври 2019 година. Повеќе информации...

АД ЕСМ, ЕВН Македонија АД И АД Мепсо распишуваат конкурс за студентите од електроенергетските студиски програми запишани по првпат во во учебната 2018/2019 година

Објавено: мај 29, 2019

Услови за аплицирање на конкурсот за стипендија се: 1. Студентите да се редовно запишани на прв циклус студии по првпат во прва студиска година во учебната 2018/2019 година на една од следните студиски програми: Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ), Електроенергетски системи (ЕЕС) и Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ). 2. Студентот кој аплицира...

Студентска пракса во Микросам

Објавено: мај 29, 2019

За Микросам: Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 29-години Микросам има инсталирано над 240 производни линии во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и...

Заверка на летен семестар во учебната 2018/2019

Датум на настан: 28.05.2019

С О О П Ш Т Е Н И Е Заверка на летен семестар         Им се соопштува на студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Ско­п­је дека заверка на летниот семестар од учебната 2018/2019 го­дина на прв циклус студии ќе се врши од 28.5 до 3.6.2019 година       Заверката на летниот семестар...

Тим од ФЕИТ победи и на балкански инженерски натпревар

Последна измена: јули 1, 2019

20.05.2019, Скопје – Тимот Space Divers, составен од студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии Александра Мирческа, Марија Алексовска, Тијана Спировска и Бојан Страчковски победи во категоријата Case Study на инженерскиот натпревар EBEC (European Best Engineering Competition). Case Study e интензивна анализа која дава конкретно решение на некој технолошки или менаџерски проблем. Со ова, тимот на...

Тестирање на 5G технологија – партнерство на Македонски Телеком и ФЕИТ

Последна измена: мај 18, 2019

Денес, во Скопје, по повод 17 мај – Светскиот ден на телекомуникациите, Македонски Телеком и ФЕИТ објавија партнерство за тестирање на 5G технологија. Според деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, оваа соработка е потврда на досегашните залагања на Факултетот за континуирана соработка со стопанството, што ќе овозможи студентите да реализираат пракса и да работат...

ITU Centre of Excellence elearning курс: „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet”

Датум на настан: 28.05.2019

28 мај до 24 јуни 2019 година International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „NGN Evolution, Future Networks and Ultra-Broadband Internet” од 28 мај до 24 јуни 2019 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе...

Студентите од ФЕИТ повторно добиваат меѓународно признание

Објавено: мај 10, 2019

10.05.2019, Скопје – Проектот „Концепт за напреден систем за домување на возрасни лица“ на студентите Катерина Билбилоска, Милан Јанковски, Матеј Пунтевски и Константин Кузмановски од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои награда најдобар проект во категоријата симулација на Меѓународната културна и академска средба на студентите по технички науки (International Cultural and Academic Meeting of...

Пријавување испити за јунска испитна сесија – прв циклус студии

Датум на настан: 13.05.2019

Пријавувањето испити од прв циклус студии за јунската испитна сесија ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од 13.5 до 23.5.2019 година, следејќи го Корисничкото упатство за студенти, дел 2.5 (Прилог) Студентите запишани по стара наставна програма по ЕКТС, запишани од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012 пријавите за испит ги доставуваат...

Оглас за стипендирање на студент од електроенергетските насоки

Објавено: мај 10, 2019

За компанијата Вардар Доломит Вардар Доломит е производител на синтер доломит, доломитни опеки и маси, лоцирана во Гостивар и е во сопственост на групацијата HAZNEDAR REFRACTORIES. Имајќи директен пристап и контрола на главната сировина преку висококвалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други...

ФЕИТ продолжува со успеси на Скопски маратон 2019!

Објавено: мај 4, 2019

Традицијата продолжува за освоено трето место во женска штафета. Машките штафети завршија 6-ти и 13-ти. Имавме подобрено време на маратонецот Томислав Карталов. Покрај тоа, беше забележано најмасовно присуство на ФЕИТ учесници на Маратонот – по повод јубилејните 60 години ФЕИТ, неколку полу-маратонци и многу учесници на 5 км!...