Успешно реализирана работилница „Сонцето во џеб: Паметна енергија за паметни уреди“ во ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

На 25 декември 2025 година во просториите на ФЕИТ ФабЛаб се одржа уште една инспиративна и едукативна работилница под наслов „Сонцето во џеб: Паметна енергија за паметни уреди“. Работилницата беше организирана од Лабораторијата за физика при Институтот за математика и физика пру ФЕИТ, а учесници беа ученици од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ – Скопје,...

Наука и технологија во пракса во ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

На 23 декември 2025 година, во ФЕИТ ФабЛаб, успешно се реализираше работилницата„Од пластика до 3D модел: Наука и технологија во пракса“, со учество на ученици од СТЕМ клубот при СУГС „Орце Николов“ – Скопје. Работилницата се одржа во инспиративната средина на ФЕИТ ФабЛаб – современ иновациски и едукативен простор кој овозможува практично учење, креативно размислување...

Прва работилница за асистивни уреди со Интеракт клуб Визија на ФЕИТ ФабЛаб

Објавено: декември 29, 2025

Во рамките на соработката помеѓу Интеракт клубот Визија и ФЕИТ ФабЛаб, на 19 декември 2025 беше одржана првата од серијата работилници за изработка на асистивни уреди. Во рамки на оваа соработка студентите на ФЕИТ ќе менторираат група на средношколци и ученици од основни училишта во процесот на дизајн и изработка на асистивен уред наменет за...

Посета на студенти на ФЕИТ на МРТ

Објавено: декември 29, 2025

Во рамките на својата долгогодишна соработка, група на студенти од ФЕИТ кои го слушаат предметот Електроакустика го посети Македонското радио, кое ја одбележува 80-годишнината од своето постоење. Љупчо Дебарлиев и Живко Маневски од техничкиот кадар на МРТ на студентите им ги презентираа просторните и техничките капацитети со кои располага радиото. Студентите имаа можност од прва...