Логинг Електроникс донираше опрема за биомедицинско инженерство и електроника на Лабораторијата за електроника при Институтот за електроника при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Во склоп на својата повеќегодишната соработка, за потребите на студентите и кадарот на ФЕИТ, Логинг обезбеди 12 комплети за мерење на Електромиограм (EMG), Електрокардиограм (EKG), Фотоплетизмограм (PPG), како и Мерач на промени на проводноста на кожата (GSR). За дигитализација и процесирање на овие биомедицински сигнали Логинг обезбеди и 12 платформи Ардуино Уно.
Донираната опрема веќе е ставена во функција за реализација на лабораториските вежбите по предметите Биомедицинско инженерство и Биомедицинска електроника кои се во склоп на програмата Компјутерско хардверско инженерство и електроника. Опремата ќе биде на располагање и на останатите студенти на додипломски и постдипломски студии на ФЕИТ кои сакаат да работат на теми поврзани со биомедицината.
Дел од опремата беше искористена и за реализација на натпреварот за Практична реализација на електронски кола и развојни програмабилни системи. Натпреварот се одржа во рамките на Третата работилница за развојни микропроцесорски системи од проектот „Технологија за тебе“. На натпреварот учениците од средните технички училишта реализираа фотоплетизмограф.