Биомедицинска електроника

Последна измена: октомври 25, 2019

1.    Наслов на наставниот предмет

Биомедицинска електроника

2.    Код

3ФЕИТ05Л005

3.    Студиска програма

КТИ, КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/8

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Бранислав Геразов, Д-р Лидија Ололоска-Гагоска, Д-р Томислав Карталов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на работа на биомедицинската електроника; запознавање со електронските системи за мерење на биолошки сигнали; запознавање со алгоритми за процесирање и анализа на биолошки сигнали; запознавање со електронски системи контролирани од биолошки сигнали; оспособување за примена на практичните и теоретските основи на биомедицинската електроника во дизајнирање и имплементација на овие уреди и системи; запознавање со регулативи и стандарди од оваа област.

11.    Содржина на програмата: Вовед во биомедицинска електроника. Биопотенцијали и електрична активност на клетките. Деполаризација и акциски потенцијал. Градба на неврони и создавање на нервни импулси. Контракција на мускулите. Електромиограм (ЕМГ) и неговата анализа. Градба и работа на срцето. Електрокардиограм (ЕКГ). Градба на електронските уреди за снимање на биоелектричната активност. Електроди за биопотенцијали. Сензори за медицински апликации, аквизиција и кондиционирање на сигналите, шум и отстранување на интерференцијата. АД конверзија на биопотенцијалите. Вгнездени системи за работа со биопотенцијали. Основи на процесирањето на ЕКГ и ЕМГ. Електронски уреди за: мерење на крвен притисок, проток и волумен; респираторниот систем; медицински снимања; терапевтски и простетички. Основни градбени и функционални единки на човековиот мозок. Електроенцефалограм (ЕЕГ). Алгоритми за процесирање и анализа на ЕЕГ сигналите. Основи на интерфејс мозок-машина (BCI). Примена на машинско учење за остварување на BCI.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи, поканети гости предавачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

16.3. Домашно учење

75

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

10

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

60

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

John G. Webster Medical Instrumentation Application and Design, 4‑th edition Wiley 2009

2

David Prutchi, Michael Norris Design and Development of Medical Electronic Instrumentation Wiley 2004

3

Reinaldo Perez Design of Medical Electronic Devices Academic Press 2002

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

C.R. Rao, S.K. Guha Principles of Medical Electronics and Biomedical Instrumentation Universities Press, India 2004