Биомедицинско инженерство

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Биомедицинско инженерство

2.    Код

3ФЕИТ05З006

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Андријана Кухар

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Математика 1

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните поими во биомедицинското инженерство, добивање основни познавања од анатомијата и физиологијата на човекот, анализа моделирање и симулација на биоелектричните појави и биолошките сигнали, запознавање со методите за детекција, мерење и процесирање на истите, запознавање со методите за снимање и анализа на анатомијата и физиологијата на човековиот организам, запознавање со регулативи и стандарди од оваа област.  Оспособеност за дефинирање и решавање на основните проблеми во работата со биомедицински снимки направени со различни методи и уреди, при детекција и анализа на биоелектричните појави – рентген, компјутерска томографија. Магнетна резонанса, ултразвук. Радијациони слики. Оспособување за примена на алгоритми во анализата и процесирањето на биомедицински слики.

11.    Содржина на програмата: Вовед во биомедицинско инженерство, основни поими од анатомија и физиологија. Биомеханика. Механика на материјалите. Биоматеријали, карактеристики, типови и примена. Инженерство на биолошки ткива. Анализа на биоелектрични појави. Моделирање и симулација на физиолошки системи. Детекција, мерење и процесирање на биолошки сигнали.  Биомедицински сензори. Биомедицински слики, начини за добивање, уреди за правење на биомедицински снимки. Методи за нивно процесирање. Рентген, компјутерска томографија. Магнетна резонанса, ултразвук. Радијациони слики. примена на алгоритми во процесирањето на биомедицински слики. Биотехнологија. Одзив на човековите биолошки функции на различни биоинженерски апликации. Примена на инженерски принципи за анализа, модификација и контрола на биолошки системи, етика. Регулативи и стандарди во светот и кај нас.

12.    Методи на учење: Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и семинарски работи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

20

16.3. Домашно учење

55

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

30

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на лабораториските вежби

20.  Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути). Студентот може да учествува во изработка на опционална проектна задача која треба да се предаде најдоцна до завршувањето на семестарот.
Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, изработка на лабораториските вежби и проектната задача.
За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред

21.  Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

22.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Самоевалуација и анкети

23.    Литература

23.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ed. John D. Enerle, Su-san M. Blanchard Introduction to Bio-medical Engineering Second Edition, Burlington MA: Elsevier Academic Press Series 2005

2

Ed. Joseph D. Bronzino The Biomedical Engineering Hand-Book Second Edition, Boca Raton: CRC Press LLC 2000

3

Klaus D. Toennies Guide to Medical Image Analysis Springer-Verlag London Limited 2012

23.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Constantino Carlos Reyes-Aldasoro Biomedical Image Analysis Recipes in MATLAB® John Wiley & Sons, Ltd 2015

2

Arthur T. Johnson Biology for Engineers Boca Raton: CRC Press LLC 2011

3

O. P. Gandhi Biological Effects and Medical Applications of Electromagnetic Fields Prentice Hall 1990