1. Наслов на наставниот предмет | Дигитално процесирање на сигнали | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05З011 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/5 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Марија Марковска Димитровска | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Положени: Сигнали и системи | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Курсот има за цел да обезбеди формално разбирање на основните концепти за дигиталното процесирање на сигнали како и практично искуство за процесирање на дигитални сигнали. По завршување на курсот студентот е оспособен: – дигитално да процесира дискретни и аналогни сигнали земајки ги во предвид сите можни последици од нивното дискретизирање; – да користи DFT и нејзиниот брз алгоритам FFT во домен на спектралната анализа свесен за сите последици и пратечки појави; – да дизајнира IIR и FIR дигитални филтри како и да користи софтверски алатки и пакети за дизајнирање или симулирање на дигитални филтри. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Дискретни системи. Преносна функција. Фреквенциска карактеристика. Дискретни системи екситирани со случајни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација (DFT): дефиниција, својства, брза Фуриеова трансформација (FFT), алгоритми за пресметување на FFT. Конволуции: линеарна, циклична, врска помеѓу нив, филтрирање со FFT, конволуција на долги низи. Спектрална анализа со DFT: спектар на конечна и бесконечна низа, пресметување на низата од спектарот, пресметување на аналогниот сигнал од спектарот. Дигитални филтри: класификација, методи за проектирање на FIR дигитални филтри, методи за проектирање на IIR дигитални филтри. Реализација на дигитални филтри. Филтерски структури и осетливост. Реализација на дигитални филтри. Квантизација, ефекти од квантизација | ||||||||
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, домашни задачи, аудиториски и лабораториски вежби; сето тоа реализирано во електронско опкружување. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 1 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 30 | |||||||
16.3. Домашно учење | 75 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 70 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби. | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите, лабораториски вежби и домашни работи. Услов за положување на предметот преку парцијални испити е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од парцијалните испити. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). Услов за положување на предметот преку писмен испит е минимум 50% од вкупниот број на поени од сите активности (испит, тестови, лабораториски вежби и домашни) и дополнително минимум 50% од вкупниот број на поени од испитот. За време на испитот не е дозволено користење книги, скрипти, или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | A. Oppenheim, R. Schafer, J. Buck | Discret- Time Signal Processing, 2 edition | Prentice Hall | 1999 | ||||
2 | М. Богданов и С. Богданова | Дигитално процесирање на сигнали | ЕТФ | 1998 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Mitra Sanjit K. | Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 еdition | McGraw Hill | 2001 |