1. Наслов на наставниот предмет | Програмирање и алгоритми | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ07З019 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС,КТИ,КСИАР,КХИЕ,ТКИИ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | I/1 | 7. Број на ЕКТС | 7 | |||||
8. Наставник | Д-р Горан Јакимовски, Д-р Томислав Шуминоски, Д-р Христијан Ѓорески, Д-р Славче Пејоски | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со основите на програмирање. Концепти на програмирање и програмски алгоритми. По завршување студентот ќе може да пишува едноставни и сложени програми во C програмскиот јазик. – Ќе може да моделира софтверски барања и да ги имплементира во C програмски јазик – Детално разбирање на променливи, гранење на код и циклично извршување на код – Разбирање на работа со низи и матрици, програмирање на променливи со повеќе димензии – Програмирање на рекурзивни функции и програми кои работат со текстуални датотеки |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во компјутерски системи, компоненти и организација: процесор, регистри, меморија. Програмирање. Програмски јазици. Синтакса и семантика. Структура на програма во Ц. Податочни типови. Константи. Променливи и видови променливи. Оператори. Релациски и логички операции. Изрази. Основни-влезно излезни изрази. Наредби за контрола на извршување на програмата: наредби за гранење (if- else, switch), наредби за повторување (for, while). Функции. Рекурзивни функции. Сложени програмски структури. Низи. Покажувачи и операции со покажувачи. Повеќеиндексни низи – матрици. Концепти на пребарување низ сложени податочни структури. Начини на подредување. Текстуални низи. Аргументи во main() функцијата. Концепт на датотеки и FILE Структура. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања, аудиториски и лабораториски вежби | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 2 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 60 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 10 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 0 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 80 | |||||||
18. Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во рамки на семестарот предвидени се два колоквиуми (или еден испит) и два тестови. Полагањето на испитот се состои од положување на колоквиумите или испитот, каде студентите добиваат кратки задачи кои треба да ги имплементираат во софверски решенија во C програмски јазик. Тестовите се прават најчесто пред двата колоквиуми и се состојат од кратки прашања поврзани со предметот. Колоквиумите/испитот влијаат со 80% од оцената, додека пак тестовите влијаат со 12% од оцената. Останатите 8% од оцената се поените од лабораторски вежби. | |||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евелуација и анкета | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | K. Loudon | Mastering Algorithms with C | O’Reilly | 1999 | ||||
2 | Kochan C. | Programming in ANSI C | SAMS Publishing | 2005 | ||||
3 | Б. Керниган, Д. Ричи | Програмски јазик С | Превод влада | 1998 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Thomas H. Cormen, et. al. | Introduction to Algorithms, (2nd Edition) | MIT PRESS | 2001 |