1. Наслов на наставниот предмет | Електротехнички материјали | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ03Л003 | |||||||
3. Студиска програма | ЕАОИЕ,ЕЕПМ,ЕЕС | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | I/2 | 7. Број на ЕКТС | 3 | |||||
8. Наставник | Д-р Марија Чундева-Блајер | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | Ислушани: Основи на електротехника | |||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Стекнување знаење за различните претставници на поединечните видови материјали, нивните основни карактеристики и можностите за нивна примена. Цел е запознавање со проводните, полупроводните, диелектричните, магнетните, суперпроводните материјали, како и други специјални материјали кои имаат примена во електротехниката и информациските технологии. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед науката за материјалите. Електрична и термичка проводност кај материјалите. Периоден систем. Врски. Зонска теорија и кристална состојба. Проводници-едноставен модел и макроскопски својства. Поделба на проводните материјали. Апликации на проводни материјали. Полупроводници-процеси на проведување и макроскопски својства. Елементарни полупроводници и соединенија. Примена на полупроводниците. Диелектрични материјали и изолатори. Поларизација и диелектрична пропусливост-макроскопско толкување. Проводливост на диелектриците. Енергетски загуби. Диелектрична цврстина. Преглед и поделба на диелектриците. Апликации на диелектрични материјали. Магнетизам, основни поими. Магнетен хистерезис. Дија, пара и феромагнетизам. Магнетна пропусливост. Енергетски загуби. Поделба на меки и тврди магнетни материјали, својства и примена. Суперпроводни карактеристики на материјалите-едноставен модел и макроскопски својства. Апликации на суперпроводни материјали. Специјални технологии за материјали во електротехника и информациски технологии. | ||||||||
12.Методи на учење Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, вежби (користење на опрема и софтверски пакети), тимска работа, студија на случај, поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации). | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 2 + 0 + 1 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 90 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 30 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 15 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 10 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 5 | |||||||
16.3. Домашно учење | 30 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 30 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | редовна посета на предавања и изработени лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот | Во текот на семестарот се предвидени два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, во времетраење од 90 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влeгуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит и бодови од присуство на часови.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, се спроведува завршен устен испит преку презентација и одбрана на проектна работа (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влагуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи и одбрани проектна работа задача. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Rolf. E. Humel | Electronic Properties of Materials | Springer, New York | 2001 | ||||
2 | Safa.O. Kasap | Principles of Electronic Materials and Devices | McGraw-Hill,New York | 2002 | ||||
3 | W.S.Wong, A.Salleo | Electronic Materials, Flexible Electronics-Materials and Applications | Springer Science+Business Media, New York | 2009 | ||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | P. Nikolic, D. Rakovic | Elektrotehnicki materijali | Naucna knjiga, Beograd | 1987 | ||||
2 | М. Чундева-Блајер, М. Србиновска, К. Демерџиев | Упатство за лабораториски вежби по „Електротехнички материјали“ | ФЕИТ-Скопје, лабораториски практикум | 2016 | ||||
3 | М. Чундева-Блајер | Електротехнички материјали | ФЕИТ-Скопје, интерна скрипта | 2021 |