1. Наслов на наставниот предмет | Микроконтролери | |||||||
2. Код | 4ФЕИТ05Л025 | |||||||
3. Студиска програма | КХИЕ | |||||||
4. Организатор на студиската програма | Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||
5. Степен | Прв циклус студии | |||||||
6. Академска година / семестар | III/6 | 7. Број на ЕКТС | 6 | |||||
8. Наставник | Д-р Љупчо Караџинов | |||||||
9. Предуслов за запишување на предметот | ||||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со внатрешната архитектура на 8-битните микроконтролери, нивниот инструкциски сет, користењето на интерапти, како и вградените периферни уреди. Стекнати знаења и способност за проектирање на вградливи микрокомпјутерски системи со 8-битни микроконтролери. | ||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед, примена на микроконтролерите, фамилии микроконтролери, критериуми за селекција. Внатрешна архитектура на микроконтролерите: ALU, Harvard и von-Neumann архитектури, мемориски адресен простор, формат на инструкции, различни микроконтролерски архитектури. Архитектура на фамилијата PICmicro: основно јадро, програмска меморија, податочна меморија, I/O регистри, хардверски регистри, регистри со специјална намена, програмски бројач и стек. Видови адресирање, извршување на инструкциите, инструкциски циклус, проточна обработка. Програмски јазик асемблер. Сет на инструкции на mid-range PICmicro: инструкции за запишување и преместување податоци, за условна промена на текот на програмата, контролни инструкции. Видови интерапти и нивна примена. Хардверски карактеристики: I/O порти, надворешен и внатрешен осцилатор, видови ресет и кола за ресетирање, конфигурационен збор. Вградени периферни уреди: бројачи и тајмери, запишување и исчитување од EEPROM и програмската меморија, A/D конвертор, коло за референтен напон, CCP модули, аналогни компаратори, модули за сериска комуникација. Програмирање на микроконтролери со програмскиот јазик C. | ||||||||
12.Методи на учење Следење предавања, поканети гости предавачи, аудиториски и лабораториски вежби, проектни задачи, самостојно учење. | ||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови | 3 + 0 + 2 + 0 | |||||||
14. Распределба на расположивото време | 180 | |||||||
15. Форми на наставните активности | 15.1. Предавања – теоретска настава | 45 | ||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа | 30 | |||||||
16. Други форми на активност | 16.1. Проектни задачи | 0 | ||||||
16.2. Самостојни задачи | 45 | |||||||
16.3. Домашно учење | 60 | |||||||
17. Начини на оценување | 17.1. Тестови | 40 | ||||||
17.2. Семинарска работа/проект | 10 | |||||||
17.3. Активност и учење | 10 | |||||||
17.4. Завршен испит | 40 | |||||||
Критериуми за оценување | до 50 бодови | 5 (пет) (F) | ||||||
од 51до 60 бодови | 6 (шест) (E) | |||||||
од 61до 70 бодови | 7 (седум) (D) | |||||||
од 71до 80 бодови | 8 (осум) (C) | |||||||
од 81до 90 бодови | 9 (девет) (B) | |||||||
од 91до 100 бодови | 10 (десет) (A) | |||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит | Изведени и колоквирани лабораториски вежби | |||||||
20. Начин на полагање на испитот |
Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит. Студентот треба да изработи семинарска работа/проектна задача/ и истата да ја предаде најдоцна до завршување на наставата. Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит. За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред. |
|||||||
21. Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||
22. Метод на следење на квалитетот на наставата | Интерна евалуација и анкети. | |||||||
23. Литература | ||||||||
23.1. Задолжителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Myke Predko | Programing and Customizing PICmicro Microcontrollers | McGraw Hill | 2008 | ||||
2 | Tim Wilmshurst | Designing Embedded Systems with PIC Microcontrollers, Principles and applications, 2nd edition | Elsevier | 2007 | ||||
3 | Sid Katzen | The Quintessential PIC Microcontroller, 2nd edition | Springer | 2005 | ||||
23.2. Дополнителна литература | ||||||||
Бр. | Автор | Наслов | Издавач | Година | ||||
1 | Matic Nebojsa | PIC Mikrokontroleri | MikroElektronika | 2008 | ||||
2 | J. Sanchez, M. P. Canton | Microcontroller Programing: The Microchip PIC | CRC Press | 2007 | ||||
3 | Microchip | Mid-Range Ref. Manual (33023a.pdf) | Microchip | 2010 |