Промотивна Цена: 9000 денари на две рати.
Статистиката е наука со која учиме од добиените податоци. Познавањето на статистиката ни помага: правилно да се соберат податоците кои ни се од интерес, да се изведе соодветен метод за анализа на веќе добиените податоци, и конечно добро толкување на добиените резултати. Статистиката е клучна за многу нови научни откритија, за носење правилни одлуки кои се базираат на податоци и за предвидување на текот на многу процеси.
Токму ова ја прави статистиката неопходна за развој и успешна работа во многу полиња. Во оваа обука слушателите ќе се запознаат со теоретските основите на статистиката: како правилно да соберат податоци, кои статистички алатки може да ги применат на податоците со кои располагаат и конечно како да ги протолкуваат добиените резултати. Освен теоретските знаења, кандидатите ќе имаат и практична работа во програмскиот пакет SPSS, една од најчесто користената алатка за статистичка обработка на податоци. Ќе научат како да ги внесат и уредат податоците во SPSS и како да ги обработат податоците.
Реализацијата на курсот ќе биде според следната програма која ќе се реализира во 21 часа.
Тема |
Број на часови |
Ден |
Основни поими од статистика: Популација, примерок, обележје; статистички променливи; видови статистички променливи. |
1 час |
Ден 1 |
Запознавање со SPSS: Основни синтакси во SPSS; креирање и зачувување на податоци; креирање работен директориум;
рачно внесување на податоци; уредување на податоците; сортирање и спојување на податоци; креирање табели; уредување на табели; дефинирање променливи и нивен приказ. |
2 часа |
|
Автоматско внесување податоци: Вметнување податоци од Excel документ; користење на опцијата “Variable View” и “Data View”. Форматирање табели: Дефинирање на променливи, тип на променливи и нивен приказ во SPSS. |
1 час |
Ден 2 |
Случајни променливи: Начин на задавање; распределби на случајни променливи од дискретен и непрекинат тип; нивен приказ во пакетот SPSS. |
2 часа |
|
Дескриптивна статистика: Пресметка на аритметичка средина, варијанса, мода, медијана, перцентили, квратили и нивно толкување. Графички приказ на податоците во SPSS: Читање на информации кои се добиваат преку графичко претставување на податоците; креирање на хистограми и пити, и следење на распределба на променливите кои се прикажани преку хистограмите; креирање на boxplot и scatterplot и читање на информациите за податоците кои се добиваат преку овој приказ. |
3 часа |
Ден 3 |
Креирање и пресметки на нови променливи: Користење на наредбите “Compute” и “Recode”; селектирање и бришење на случаи и подслучаи. |
1 час |
Ден 4 |
Основни резултати од веројатност: Гранични теореми; неравенство на Чебишев; централна гранична теорема.
Оцена на параметри: Метод на моменти, метод на максимална подобност. |
1 час | |
Тестови за статистичка значајност и интервали на доверба: Пресметка на интервал на доверба за просек на популација, дисперзија и веројатност; тестирање хипотези; р-вредност; тестирање на зависноста помеѓу променливи од различни категории со користење на хи-квадрат тест; популација со еден земен примерок; тестирање на просек на популација преку t-тест; популација со земени два примерока и нивна визуализација; t-тест за независност на примероците. |
3 часа |
Ден 4 и ден 5 |
Корелација: Внесување на податоци за двонасочни табели (табели на контингенција) и нивна визуализација, тестирање дали податоците се зависни или независни; Pearson-oв коефициент на корелација. |
1 час |
Ден 5 |
Испитување дали примерокот следи нормална распределба: Q-Q plot; P-P plot; Kolmogorov-Smirnov тест; Shapiro-Wilk тест. |
1 час |
Ден 6 |
АНОВА тест: еднонасочен и повеќенасочен тест; дефинирање контраст. |
1 час |
|
Линеарна регресија: метод на предикција. |
1 час |
|
Непараметарски тестови: Wilcoxon тест. Избор на соодветен тест. |
1 час |
Ден 7 |
Повторување и пробен тест |
2 час |
По завшување на обуката е предвиден тест во траење од 2 часа.
НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ОБУКАТА
- Обуката ќе се изведува on-line преку софтверски платформи организирани од ФЕИТ/УКИМ и/или со физичко присуство во просториите на ФЕИТ. Изборот за начинот на реализација на обуката ќе биде направен во договор со слушателите.
- Обуката (вкупен фонд од 21 часа) ќе се изведува концентрирано и рамномерно распределена во 7 дена.
- Завршниот тест ќе се реализира во просториите на ФЕИТ и ќе трае 2 часа. (вкупното времетраење на курсот, обуката и завршното тестирање е 21 часа).
- Кандидатите кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат „Сертификат за успешно завршена обука по Статистика во SPSS“.
- Целна група се сите заинтересирани физички лица за стекнување нови професионални вештини oд статистика во програмскиот пакет SPSS.