Проектирање и градба на фотоволтаични системи

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Проектирање и градба на фотоволтаични системи
2. Код 4ФЕИТ04011
3. Студиска програма 1-ОИЕ, 4-ЕЕ, 14-ЕСОР, 18-ЕНЕЛ 
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Димитар Димитров
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Стекнување на познавања за избор на најсоодветна конфигурација и димензионирање на фотоволтаични системи, примена на заштитни уреди и мерки, подесување на компонентите. Оспособеност за учество во проектирање и градба на фотоволтаични системи.

11. Содржина на програмата:

Компоненти на фотоволтаичните (ФВ) системи: модели и димензионирање. Конфигурации и еднополни шеми на разни видови ФВ системи. Избор на локација, начини на поставување на ФВ модулите и носечки конструкции. Избор на опрема. Просторна организација на ФВ системите и подготвителни мерки за градба. Чекори при градба на ФВ систем. Препораки за димензионирање и поставување на електричната инсталација, заштитните уреди и заземјувањето. Анализа на перформансите на ФВ системите. Системи за мониторинг и контрола. Технички услови и приклучок со електродистрибутивна мрежа. Пуштање во погон, тестирање и детекција на грешки. Содржина на проектите за ФВ системите. Изработка на документација за тековно работење и одржување.

12. Методи на учење:

Интерактивни предавања, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 20 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 20 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Најмалку 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Тестови, семинарска работа и усмено одговарање
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Geoff Stapelton, Susan Neill Grid-connected Solar Electric Systems Earthscan 2012
2. DGS/Berlin Planning and Installing of Photovoltaic Systems DGS/Berlin 2008
3. D. Rekioua, E. Matagne Optimization of Photovoltaic Power Systems: Modelization, Simulation and Control Springer-Verlag 2012
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  ABB  Photovoltaic plants. Cutting edge technology. From sun to socket  ABB  2019