Технологии за сончеви ќелии

Последна измена: јули 12, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Технологии за сончеви ќелии
2. Код 4ФЕИТ08029
3. Студиска програма 1-ОИЕ, 16-МНТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Маргарита Гиновска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршувањето на овој курс студентот се запознава  детално со постоечките технологии на сончеви ќелии кои се користат во комерцијална употреба, како и можностите за нивно моделирање и подобрување.  Исто така студентот стекнува знаења од областа на напредните технологии на сончеви ќелии и нано технологиите за сончеви ќелии, со перспективи и можности за нивна примена. Студентот се оспособува за примена на  сончевите ќелии за добивање фотоволтаична енергија како обновлив извор на енергија.

11. Содржина на програмата:

Вовед во технологиите за сончеви ќелии. Класификација на сончевите ќелии според материјалот, конструкцијата, ефикасноста, начинот на поврзување, големината и формата. Прва генерација сончеви ќелии – конвенционални технологии на силициумски сончеви ќелии. Втора генерација сончеви ќелии – тенкослојни сончеви ќелии со аморфен силициум, CIS/CIGS или CdTe – карактеризација и моделирање. Можности за примена на тенкослојните сончеви ќелии за тераватно производство. Трета генерација на сончеви ќелии: сензитивни сончеви ќелии DSCC; органски фотоволтаици – добивање, карактеристики и моделирање. Нанотехнологии во сончевите ќелии. Развој на следната генерација сончеви ќелии и нивни апликации.

12. Методи на учење:

Предавања поддржани со презентации преку слајдови, интерактивни предавања, тимска работа,  поканети гости предавачи, самостојна изработка и одбрана на проектна задача и семинарска работа, учење во електронско опкружување (форуми, консултации).

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Семинарска работа
20. Начин на полагање на испитот писмен и устен дел
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. A.M.Elseman Solar Cells – Theory, Materials and Recent Advances Intech Open 2021
2. A. Luque and S. Steven Handbook of Photovoltaic Science and Engineering John Wiley & Sons 2003
3.
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Agata Zdyb  Third Generation Solar cells  Taylor& Francis  2022
2.  Michael Grätzel, Shahzada Ahmad, Samrana Kazim  Perovskite Solar Cells: Materials, Processes, and Devices  Wiley‐VCH GmbH  2022
3.  J. Poortmans and V. Arkhipov  Thin Film Solar Cells – Fabrication, Characterisation and Applications  Wiley& Sons. Ltd  2005