Модерни безжични системи

Последна измена: јули 19, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Модерни безжични системи
2. Код 4ФЕИТ10014
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Венцеслав Кафеџиски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот се очекува студентот да ги познава основните и напредните техники на пренос кај постојните и идните безжични системи за комуникација помеѓу луѓе, уреди, сензори и возила, не-терестријални комуникации, заедничко насетување и комуникација, пренос во фреквенциски опсези на милиметарски, терахерцни и оптички бранови, да познава примена на машинско учење кај безжичните системи, и да биде подготвен да се занимава со научноистражувачка работа во областа на безжичните системи.

11. Содржина на програмата:

Поделба на безжичните системи според мобилноста и според досегот. Пресметка на буџет на безжична врска. Преглед на основните техники на модулација, кодирање и користење на повеќе антени кај безжични системи – OFDM, MIMO, антенски полиња и бимформинг, заштитно кодирање, како и техники на повеќекратен пристап. Напредни техники за пренос кај идни системи: ултра масивни МИМО системи, дистрибуирани масивни МИМО системи, интелигентни рефлектирачки површини, повеќекратен пристап од следна генерација. Пренос со милиметарски бранови и во опсег на терахерци. Оптички безжични комуникации (VLC, LiFi, FSO). Техники на пренос кај Интернет на нешта (IoT), комуникација на машина со машина (М2М) и комуникација на возила со се’ останато (V2X). Не-терестријални комуникации:  користење на дронови (UAV), платформи на големи височини (HAP) и сателити. Примена на радари и сензори за подобрување на комуникациите и за насетување на околината. Заедничко насетување и комуникација. Примена на методите и техниките на машинско учење во безжичните комуникации. Стандардизациски активности во ETSI, ITU и IEEE.

12. Методи на учење:

Предавања, предавања на гости предавачи, самостојно учење, изработка на проектни задачи/семинарски работи, активно учество во предавања, консултации.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови  бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење  бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Нема
20. Начин на полагање на испитот

Испитот се состои од полагање на писмен или усмен завршен испит на предвидениот материјал според содржината на програмата и изработка и презентација на семинарска работа/проект на тема договорена помеѓу студентот и наставникот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. V. W. S. Wong, R. Schober, D. W. K. Ng, L-C. Wang Key Technologies for 5G Wireless Systems Cambridge University Press 2017
2. W. Jiang, F-L. Luo 6G Key Technologies: A Comprehensive Guide IEEE Press 2022
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Y. C. Eldar, A. Goldsmith, D. Gündüz, H. V. Poor Machine Learning and Wireless Communications Cambridge University Press  2022