Техники на истражувањe во телекомуникациите

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Техники на истражувањe во телекомуникациите
2. Код 4ФЕИТ10031
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Перо Латкоски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот се очекува студентот да владее со широк спектар на методи и техники кои се применуваат во истражувачката дејност специфична за научната област телекомуникации, што директно ќе му помогне на студентот во успешна изработка на истражувачкиот проект и магистерската теза.

11. Содржина на програмата:

Основни фази на истражувачкиот процес специфичен за проблемите од областа телекомуникации. Основи на аналитичко и емпириско научно истражување. Експериментално базирано истражување и анализа во телекомуникациите. Описни статистики и тестирање на хипотези. Формални и симулациски базирани методи за истражување на перформансите на телекомуникациските протоколи, мрежи и системи. Комбинирање на научно-истражувачки методи и споредба на резултати. Етика на истражување. Дисеминација на резултати од истражувањето. Изработка на студија. Изработка на демонстрација (демо платформа). Изработка на прототип. Научно-истражувачка публикација (труд на конференција, списание, теза). Презентирање на резултати.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот преку семинарска работа/проект и писмен тест
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Jason S. Wrench, Candice Thomas-Maddox, Virginia Peck Richmond, James C. McCroskey Quantitative Research Methods for Communications Oxford University Press 2012
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Gerianne Merrigan, Carole L. Huston Communication Research Methods  Oxford University Press  2008