Следна генерација оптички мрежи

Последна измена: јули 28, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Следна генерација оптички мрежи
2. Код 4ФЕИТ10022
3. Студиска програма 12-КИТ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Борислав Поповски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

По завршување на курсот, се очекува студентот да ги знае напредните концепти и протоколи кај оптичките мрежи, истите да ги применува кај постојните и идните телекомуникациски системи, да е компетентен за дизајн на оптичките мрежи и нивна имплементација и оспособен за вршење на научноистражувачка работа во областа на оптичките мрежи.

11. Содржина на програмата:

Споредба на технологиите, сервиси, развој на оптичките мрежи. Клиентски оптички мрежи: IP, MPLS, GMPLS, Gigabit-Ethernet (GbE), Storage-Area Networks (SAN).  Мрежи со рутирање по бранови должини (WDM). Оптичко ниво, степен на претворање на бранови должини, дизајн (LTD), сообраќајни модели и критериуми за квалитет, рутирање и доделување на бранови должини (RWA). OTN стандарди. Рутирање и додела на спектар кај еластични оптички мрежи. Софтверски дефинирани оптички мрежи. Управување со конфигурацијата на оптичките мрежи. Управување со конекциите, адаптација, контролна рамнина на оптичко и клиентско ниво.  Фотонска комутација OBS, OPS. Поларизациско Мултиплексирање (PolDM). Синхронизација. Процесирање на заглавија. Баферирање. Пристапни мрежи. Преглед на мрежни архитектури, постоечки и идни пристапни мрежи, HFC, FTTH, FTTC, архитектура на оптички пристапни мрежи. Пасивни оптички мрежи (PON).  Реализација. TDMA и WDMA пристап.  Интелигентни оптички транспортни системи (on-board автомобилски мрежи, оптички мрежи кај леталата). Оптички мрежи за дистрибуирани антенски системи. Оптички безжични системи.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит  бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.
20. Начин на полагање на испитот Преку проектни задачи, тестови и семинарска работа.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Biswanath Mukherjee Optical WDM Networks Springer 2006
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Thomas E. Stern, Georgios Ellinas, Krishna Bala  Multiwavelength Optical Networks  Cambridge University Press  2009
2.  Jason P.Jue, Vinod M. Vokkarane  Optical Burst Switched Networks  Springer  2011