1. | Наслов на наставниот предмет | Симулации со методот Монте-Карло | |||||||||||
2. | Код | 4ФЕИТ08021 | |||||||||||
3. | Студиска програма | 13-ПМА, 16-МНТ | |||||||||||
4. | Организатор на студиската програма
(единица, односно институт, катедра, оддел) |
Факултет за електротехника и информациски технологии | |||||||||||
5. | Степен (прв, втор, трет циклус) | Втор циклус студии | |||||||||||
6. | Академска година/семестар | I/1 | 7. | Број на ЕКТС кредити | 6.00 | ||||||||
8. | Наставник | Д-р Соња Геговска-Зајкова | |||||||||||
9. | Предуслов за запишување на предметот | ||||||||||||
10. | Цели на предметната програма (компетенции):
Студентот ќе биде оспособен за ефикасна примена на методот Монте-Карло за креативно решавање на проблеми поврзани со анализа на податоци и интерпретација на статистички модели во различен контекст. Студентот ќе може јасно да ги изразува претпоставките на кои се засноваат одредени заклучоци, со користење на методот Монте Карло со кој систематски и критички се испитуваат претпоставките користејќи аналитички пристап. Тој/таа ќе можат да оптимизираат со помош на стохастичката симулација. |
||||||||||||
11. | Содржина на програмата:
Монте Карло експерименти. Оценување со користење на аритметичка средина на примерок, оценување на дисперзијата на примерокот, генерирање на случајни броеви со Р, генерирање квази случајни броеви со рамномерна и нерамномерна распределба. Генерирање на дискретни и непрекинати случајни променливи. Статистичка анализа на симулирани податоци. Техники за редуцирање на дисперзијата. Бутстрапинг метод. Симулација на случајни процеси. Генерирање траектории на Маркови процеси; Монте Карло Маркови вериги. Компјутерски интензивни техники за оценување на стандардна грешка, интервали на доверба, тестирање на хипотези и грешка на предвидување. Стохастичка оптимизација; Стохастички методи за апроксимација со симулација, оценување на градиенти и др. |
||||||||||||
12. | Методи на учење:
Евалуација, синтеза, анализа и примена |
||||||||||||
13. | Вкупен расположив фонд на време | 180 | |||||||||||
14. | Распределба на расположивото време | 3 + 3 | |||||||||||
15. | Форми на наставните активности | 15.1 | Предавања – теоретска настава | 45 часови | |||||||||
15.2 | Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа | 45 часови | |||||||||||
16. | Други форми на активности | 16.1 | Проектни задачи | 30 часови | |||||||||
16.2 | Самостојни задачи | 30 часови | |||||||||||
16.3 | Домашно учење | 30 часови | |||||||||||
17. | Начин на оценување | ||||||||||||
17.1 | Тестови | 0 бодови | |||||||||||
17.2 | Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) | 50 бодови | |||||||||||
17.3. | Активност и учење | 20 бодови | |||||||||||
17.4. | Завршен испит | 30 бодови | |||||||||||
18. | Критериуми за оценување (бодови/оценка) | до 50 бода | 5 (пет) (F) | ||||||||||
од 51 до 60 бода | 6 (шест) (E) | ||||||||||||
од 61 до 70 бода | 7 (седум) (D) | ||||||||||||
од 71 до 80 бода | 8 (осум) (C) | ||||||||||||
од 81 до 90 бода | 9 (девет) (B) | ||||||||||||
од 91 до 100 бода | 10 (десет) (A) | ||||||||||||
19. | Услов за потпис и полагање на завршен испит | Нема | |||||||||||
20. | Начин на полагање на испитот | Успешно изработена и одбранета семинарска работа | |||||||||||
21. | Јазик на кој се изведува наставата | Македонски и Англиски | |||||||||||
22. | Метод на следење на квалитетот на наставата | Самоевалуација | |||||||||||
23. | Литература | ||||||||||||
23.1. | Задолжителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | Sheldon M.Ross | Simulation (4th ed.) | Elsevier Academic Press | 2006 | |||||||||
23.2. | Дополнителна литература | ||||||||||||
Ред.
број |
Автор | Наслов | Издавач | Година | |||||||||
1. | James E. Gentle | Random Number Generation and Monte Carlo Methods | Springer | 2003 |