Електромагнетни влијанија

Последна измена: јули 10, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Електромагнетни влијанија
2. Код 4ФЕИТ06002
3. Студиска програма 14-ЕСОР
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Благоја Марковски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Препознавање и разбирање на влијанието на електромагнетните полиња врз околината. Анализа на електромагнетни појави и оптимална примена на мерки за заштита.

11. Содржина на програмата:

Краток осврт кон електромагнетната теорија.  Извори на електромагнетни полиња и нивна припадност во електромагнетниот спектар, со посебен осврт кон електроенергетски водови и инсталации, радио предаватели, атмосферски празнења како извори на електромагнетно влијание од особен интерес.  Механизми на интеракција на електромагнетните полиња со околните системи и животната средина (проводна, капацитивна и индуктивна спрега, електромагнетна индукција, влијание со зрачење).  Ефекти од изложување на опрема (повишени потенцијали, интерференција, корозија) и луѓе (напони на допир и чекор, контактни струи, индуцирани струи, загревање на ткиво) на електромагнетни влијанија.  Компјутерски алатки за моделирање на електромагнетни појави.  Мерки за заштита и намалување на ефектите од електромагнетните влијанија. Примена на стекнатите знаења во процена на безбедност и заштита на луѓе и опрема од електромагнетни влијанија во практични ситуации и подготовка на технички извештај.

12. Методи на учење:

Предавања со презентации; интерактивни предавања; тимска и самостојна работа; студија на случај; самостојна изработка и одбрана на проектна задача во форма на семинарска работа или истражувачки труд; интерактивни дискусии

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изработка на проектна задача
20. Начин на полагање на испитот Одбрана на проектна задача
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. L. Felsen Transient Electromagnetic Fields Spinger, N.Y. 1976
2. F.M. Tesche, M.V. Ianoz, T. Karlsson EMC analysis and computational models Wiley, N.Y. 1997
3. C. Paul Introduction to electromagnetic compatibility Wiley, N.Y. 2004
23.2. Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Стандарди кои се релевантни за потесната област на истражување