Сообраќајна политика и економика

Последна измена: јули 13, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Сообраќајна политика и економика
2. Код 4ФЕИТ12011
3. Студиска програма 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Верица Данчевска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Основна цел на предметот е студентот да ги стекне следниве знаења и компетенции: • да се запознае со поимот за сообраќај и транспорт, како и видови и важност на сообраќајната политика.  • да се запознае со европската сообраќајна политика, нејзините цели, обележја, начела и инструменти • да ги запознае основните принципи на економиката во сообраќајот и транспортот • да се запознае и да е способен да ја имплементира европската регулатива во областа на сообраќајот и транспортот • да е способен да работи во делот на прилагодување на македонската кон Европската регулатива во сообраќајот и транспортот.

11. Содржина на програмата:

• Основни поими за сообраќајно-транспортните системи и технологии (патен, воздушен, железнички сообраќај) • Општо за сообраќајната политика: поим, видови, цели, инструменти, начела • Општо за транспортната економика: поим, извори, обележја, принципи • Сообраќајна инфраструктура и сообраќајна супраструктура • Трошоци и видови трошоци во сообраќајот, пресметка на трошоци во сообраќајот • Економски модели за одредување на најекономичен вид на превоз • Меѓуоднос на сообраќајната политика и одржливиот развој • Меѓуоднос на транспортната економика и одржливиот развој • Преземање на Европската легислатива во областа на сообраќајот и транспортот

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3+3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% успех од сите предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот Тестови, изработка и презентација на семинарски задачи
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Д-р Верица Данчевска Транспортна економика Технички факултет Битола 2009
2. Д-р Верица Данчевска Сообраќајна политика и одржлив развој Технички факултет Битола 2006
3.
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  Ratko Zelenika  Nacela ekonomije i ekonomike  Технички факултет Битола  2008